Рубрика: Астрономија и астронаутика
Детектирана експлозија од соединување на два небески објекта
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На научниците им се познати два типа ѕвездени експлозии, едната т.н. нова, со помал интензитет на почетниот блесок и другата т.н. супернова, со екстремно висок почетен блесок. Во најново време ним им се придружи и трет тип ѕвездена експлозија, т.н. килонова, која според интензитетот на блесокот припаѓа некаде на средина помеѓу првите две експлозии.

На научниците им се познати два типа ѕвездени експлозии. Едната позната под името нова, е всушност ерупција од гас на површината на некоја т.н. електронска ѕвезда, поинаку позната и како бело џуџе, која во својата близина има придружник од типот т.н. црвен џин, всушност ѕвезда која е на крајот на својот живот, па се шири во просторот ослободувајќи гас, воглавно водород и хелиум, кој белото џуџе го "заробува" формирајќи акреционен диск околу себе.
Втората ѕвездена експлозија позната под името супернова, се случува кај ѕвезди што се помасивни во споредба со нашето Сонце. Кога тие ќе го потрошат сето свое нуклеарно гориво, експлодираат отфрлувајќи ја нивната надворешна обвивка. Блесокот кој тогаш се појавува има енормно висок сјај, кој може да го надмине сјајот на галаксијата во која се случила таа супернова.
Овие два типа ѕвездени експлозии се детектирани со набљудување и со тоа тие се убедливо потврдени од страна на астрономите.
Меѓутоа, како што тоа најчесто се случува во науката, на многу научни откритија им претходеле теоретски претскажувања базирани на постоечките физички закони. Таков е случајот и со третиот тип ѕвездена експлозија, т.н. килонова, која според интензитетот на својот почетен блесок припаѓа некаде на средината помеѓу новата и суперновата. Кој механизам е двигател на овој тип ѕвездена експлозија?

Клучни зборови:

Уметничка визија на спрега на "бело џуџе" со ѕвезда од типот црвен џин, која ослободува гас од кој се формира акреционен диск околу џуџето.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.