Емитер 10/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Речиси како врежан камен е фактот што дизелските мотори вообичаено треба да имаат степен на компресија поголем од 18, па и 20, а во некои случаи и до 30, а бензинските мотори, поради опасноста од самопалење, не смеат да имаат поголем степен на компресија од 10 до 12. Мазда со својата Skyactiv технологија успеа да го изедначи степенот на компресија на дизелските и бензинските мотори и тој да изнесува 14. Невообичаено на прв поглед, но многу иновативно и успешно реализирано. Како ова им успеа на инженерите од Мазда и кои се придобивките од овие зафати, можете да прочитате во следниве два написи. Првиот напис е посветен на воведни напомени коишто се однесуваат за двата вида на мотори, а посебно ќе го разгледаме само дизелскиот мотор (Skyactiv D).
Skyactiv технологијата на Мазда е иновативна технологија која интензивно се развива во последниве години, а треба конечната физиономија да ја добие некаде кон 2015 година. Оваа технологија во целина го "напаѓа" возилото, а има за цел значително подобрување на перформансите на автомобилот при намалена потрошувачка на гориво и поголема безбедност, а без намалување на комодитетот при неговото користење. Полето на дејство се моторите (бензински и дизелски), каросеријата, шасијата (долниот построј) и трансмисијата (автоматски и мануелен менувач). Ние ќе се задржиме само на моторите, во овој број на дизелскиот, а во следниот број на бензискиот мотор.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.