Рубрика: Автомобилска техника
Блокирачки и самоблокирачки диференцијали (2. дел)
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во првиот дел се потсетивме за обичните диференцијали, воведовме нов термин "идеален диференцијал", како критериум кон кој треба да се стремат проектантите на диференцијали од аспект на максимална пропулзија и ги разгледавме блокирачките диференцијали како и самоблокирачките диференцијали со VISCO спојка. Во овој втор дел од написот продолжуваме со претставувањето на некои други покарактеристични видови самоблокирачки диференцијали - самоблокирачки диференцијали со разделни прстени и ТОРСЕН диференцијали.

Во овој текст ќе ги разгледаме самоблокирачките диференцијали со разделни прстени кои најмногу се користат кај тркачките автомобили, а потоа ќе ги претставам и TORSEN диференцијалите (поточно T-1 TORSEN диференцијалот, затоа што постојат и T-2 и T-3 TORSEN диференцијали) кои се од понов датум, кои, исто така, најмногу се користат кај тркачките (рели) автомобили и спортските автомобили, а претставуваат мала револуција и се гордост за изумителот. Се разбира, со овој преглед ни од далеку не се исцрпени различните видови и стратегии со кои се решава проблемот на пренос и дистрибуција на силината од карданското вратило (излезното вратило од степенестиот преносник) кон погонските тркала, како и проблемот на средишните диференцијали или меѓу диференцијалите.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.