Аеронаутика

Хеликоптерот Тигар претставува повеќенаменска борбена платформа, со одредени стелт карактеристики, приспособена да користи палета современи оружја, со кои може да дејствува врз секаков вид цели во сите временски услови, преку ноќ и ден.


Автомобилска техника

Со оглед на тоа дека во Македонија годинава нема да се одржи Автоекспо, Емитер реши да види како тоа се прави во соседството и го посети Загреб Ауто шоу, една исклучителна автомобилска манифестација со силен регионален карактер.


Аудио и видеотехника

Последниве години ретро-носталгијата не само што стана тренд, туку и императив за производителите од разни области. Во аудиосегментот оваа појава е најевидентна по навраќањето на уредите за домашна забава скроени по принципот "сè во едно" и дизајнирани по примерот на некогашните радиоприемници, а кои своевремено биле главна и речиси единствена можност за забава и информирање во домот.


Аудио и видеотехника

Последниве неколку години во сите домени се чувствува продор на дигиталните видео и аудиопроизводи. И покрај тој факт, се забележува видлив пораст на интересот за аналогни тонски миксети, особено за снимање. Интересно е да се согледаат причините за ова нешто, бидејќи само до пред неколку години се чинеше дека е несопирливо целосното дигитализирање како на аудиоопремата, така и на целиот процес на снимање аудиозаписи и создавање тон со висок квалитет.


Електроника

За оцената на квалитетот на тонот конечен судија е човечкото уво. Врз квалитетот на тонот имаат влијание неколку фактори, почнувајќи од акустиката на просторот во кој се слуша, преку квалитетот на изворот на звукот, големината и јачината на звучниците, па се до фреквенциската карактеристика на засилувачот на тонските сигнали. Дали некој тон е пријатен или не тоа е субјективна процена и поради тоа е потребно да се даде можност за корекции.


Енергетика

Повлекувањето на глечерите, силните урагани, жешките лета, потенките поларни капи се лоши предзнаци на глобалното затоплување. Тие ги поттикнуваат големите компании, а истовремено и самите влади, да работат на еден нов историски модел за искористување на фосилните горива.


Информатика

Низ неколкуте децении што поминаа компјутерската наука се развиваше со такво темпо што денес практично го зазеде најсуштинското скалило од развитокот на човековата цивилизација. Сега, рамо до рамо со останатите науки, компјутерската наука ни отвора нови можности, нови неверојатни и зачудувачки хоризонти кои досега беа само дел од фантазијата и фантастиката, а сега се дел од реалноста, притоа давајќи ни одговори на многу таинствени прашања со една невидена елеганција.


На граница на науката

Непознатото мало американско гратче Розвел на 8 јули 1947 година нагло доби планетарна слава со веста дека се откриени остатоци од "летачка чинија". Во 1978 година се појавија првите сведоци кои тврдеа дека покрај остатоците од НЛО имало и мртви тела на вонземјани, а некои тврдеа дека виделе и живи вонземјани скриени во американска воена база, далеку од очите на јавноста. Дали сето ова е вистинито?


Телекомуникации

Паметните телефони или како што е англискиот термин smartphones, претставуваат уреди кои во себе ги комбинираат карактеристиките и способностите на мобилните телефони и џебните компјутери. Па така во еден свет каде се оди кон тоа да се изработуваат што повеќе "сè во едно" уреди, производството на паметните телефони е една од најбрзорастечките телекомуникациски гранки.


Фототехника

Продолжува "Фотоемитер", нашата рубрика каде што читателите ги презентираат своите фотографии и при тоа освојуваат вредни награди, но истовремено преку коментарите и советите од нашиот фотоселектор имаат и можност да ги подобрат своите фотографски вештини. Во овој број како најдобри се прогласени фотографиите на Гордана Аџиева, Александар Георгиев и Фросина Илиевска, но уште неколку други влегуваат во изборот за годишната изложба и признанија.


Автомобилска техника

Во првиот дел се потсетивме за обичните диференцијали, воведовме нов термин "идеален диференцијал", како критериум кон кој треба да се стремат проектантите на диференцијали од аспект на максимална пропулзија и ги разгледавме блокирачките диференцијали како и самоблокирачките диференцијали со VISCO спојка.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следниот месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе помине во знакот на Ета Акваридите.


Електроника

Овој тип на насочувач се употребува за напојување на електронски кола кои работат на електричен напон од 3 до 30V, при струја на потрошувачка од 5 до 50 mA. Неговата примена е оправдана и прифатлива доколку постои просторно ограничување за напојување со трансформатор или кога се напојуваат електронски уреди кои се толерантни кон напон на брум до 3% од излезниот напон на насочувачот.


Електроника

Во овој мал проект е дизајниран електронски прекинувач кој реагира на звук, според тоа има можност да најде примена на повеќе места, на пример за контрола на робот, активирање на светилка (или друг електричен уред) со тропање на врата или плескање на дланка и слично. Ова се само неколку примери, а оставам на вас да најдете примена и во други апликации по ваш избор.


Електротехника

Текстов е продолжение од претходните два и со него се затвора кругот во кој остануваат на хартија методите за мерење на отпорноста на заземјување. Опишани се селективната метода, методата со две струјни клешти и двополната метода за мерење на отпорноста на заземјување. На крај е дадена споредбена табела на мерните методи со преглед на нивните предности и недостатоци.


Информатика

Во минатиот број се запознавме со тоа како да ја подготвиме работната околина за да може да започнеме со развојот на динамички веб-страници со PHP и MySQL. Покажавме како се испраќаат барања до серверот, кој за возврат ни враќа HTML кој потоа се прикажува во пребарувачот. Презентиран беше и концептот на променливи како истите се декларираат во PHP.


Информатика

Компанијата Apple зад себе има долгогодишно искуство во областа на производство на хардверски компоненти, како и соодветен софтвер за своите конфигурации. Како можеби единствен вистински конкурент на неприкосновениот Microsoft, неочекувано минатата година оваа компанија направи големо изненадување нудејќи го на пазарот нивниот популарен Macintosh веб-пребарувач Сафари, но овој пат наменет за Windows платформа.


Информатика

Два графички процесори на една картичка или две графички картички "во едно пакување" - испробан рецепт за добивање перформанси на ниво на SLI или CrossFirе системите. И тоа без купување две посебни картички, како и без поседување на соодветна матична плоча. Но, дали во 9800 GX2 пакувањето nVidia ни нуди сосема нов производ?


Информатика

Во периодот од 16 до 18 април хотелот Молика во Битола ја "хостираше" ИТ-конференцијата наменета за деловните партнери и соработници на Рема Компјутери. Самата конференција беше одлична можност посетителите да се запознаат со новите технологии и достигнувања имплементирани во производите чии дистрибутери за Македонија се токму Рема Компјутери. Главни покровители на настанот беа Samsung и IBM, како и Gigabyte, D-Link и Infosec.


Омнибус

Panasonic со 2000 камери за видеонадзор;
Asus EAH3850 Trinity: три GPU на една графичка картичка;
Облак од прашина на пат да се судри со млечниот пат;
Од минатото кон иднината;
Nokia со double edge,а Docomo со super 3G;
Microsoft Tech Update / Innovation Forum 2008;
Фиат Фиорино - мал, практичен и згоден транспортер;
Opera за мобилни уреди;
Yamaha Pocketrack 2GB;
Активната галаксија Кентаур А;
Sony DSC-S730;


Електроника

Во овој проект ќе проследите квалитетна универзална тон-контрола која е резултат на мое повеќегодишно искуство во оваа област.


Еурека

Во овој труд е изложен автономен инферентен робот изработен со технологии моментално присутни на пазарот. Роботот е управуван од софтвер извршуван на персонален компјутер и на микроуправувач интегриран на него.


Астрономија и астронаутика

Најновите сознанија за Марс покажуваат дека на оваа планета во минатото преовладувала топла и влажна клима низ еден подолг период, со услови слични како на Земјата, погодни за појава на живот. На оваа тема, во американското научно списание Scientific American, излезе опширен напис, чиј автор е планетарниот стручњак Jim Bell , еден од актерите на речиси сите истражувачки мисии во врска со Марс. Ги пренесуваме најинтересните моменти од неговиот напис.


Информатика
Bios чип

Куп хардверски компоненти, куп софтвер. Како сето тоа да функционира како целина? Со помош на оперативен систем - ќе рече некој. Точен одговор, но не целосен. И оперативниот систем е софтвер - како, пак, тој да се иницијализира? Тука е едно мало чипче на матичната плоча со "троа" софтвер на него.


Информатика

Веќе подолго време наназад уредите сé-во-едно на Hawlet Packard според продажбата ги надминаа обичните печатачи, благодарејќи на извонредните перформанси. Но, во однос на брзината на печатење, тие сé уште заостануваат во споредба со ласерските печатачи.


Електроника

Дворови, патеки, влезови... Сите тие навечер треба да бидат осветлени. Рачното палење и гасење на светлото е наједноставното но, не и најдоброто решение. Тоа лесно се заборава, а резултат на тоа се непријатните модрици, ако светлото не се вклучи, или залудно потрошена енергија, кога светлото ќе остане вклучено и преку ден. Решението за сето ова е уредот прикажан во овој напис. Тој навечер автоматски ќе го вклучи светлото, а наутро (или после одреден број часови) ќе го исклучи.


Електроника

Едноставен склоп кој на прв поглед делува бескорисно. Но кога сакаме да имаме ЛЕД индикатор во уред напојуван од батерија и при тоа сакаме батеријата долго да трае, ова коло станува многу полезно и потребно.


Електротехника

Верижните пили се алат којшто првенствено го користат професионалците во дрвосечачката и градежната индустрија, но е и неопходен и незаменлив алат за пожарникарите. Секако, овој алат го пронаоѓа своето место и во домашни услови, кога е потребно да се "среди" дворот со сечење на некое дрво или, пак, при сечење на огревно дрво. Компанијата МАКИТА и во оваа област има понуда на висококвалитетни производи, што не е чудно ако се земе предвид нејзиното долгогодишно искуство.


Писма
Замена за IR2155 во ТЕНС-стимулаторот
Автоматска регулација на тиристор
Старо-нови PC комбинации
Електрет микрофон во предзасилувачот од Е 12/07
Поврзување на звучници
Што мислите за моите фотографии?
Изработка на ППК