Емитер 5/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Паметните телефони или како што е англискиот термин smartphones, претставуваат уреди кои во себе ги комбинираат карактеристиките и способностите на мобилните телефони и џебните компјутери. Па така во еден свет каде се оди кон тоа да се изработуваат што повеќе "сè во едно" уреди, производството на паметните телефони е една од најбрзорастечките телекомуникациски гранки. Преку ГСМ/ГПРС сервисите, а уште повеќе со подемот на 3Г сервисите, на сопствениците на паметни телефони им се овозможува уредите да ги користат и за понапредна работа од разговарање или обично проверување на електронска пошта. Едноставно кажано, овие уреди по своите перформанси се повеќе се доближуваат до персоналните компјутери. Во овој напис ќе дадеме детален опис на тоа што еден телефон треба да има за да биде оквалификуван како паметен телефон, а, секако, ќе ја претставиме и домашната пазарна понуда на ова поле.
Постојат повеќе варијанти на дефиницијата кои мобилни телефони припаѓаат на категоријата паметен телефон. Според многумина, паметни телефони се сите оние кои имаат оперативен систем од типот на Symbian OS, Windows Mobile и слично. Иако и оваа дефиниција не е погрешна, сепак, поточна е онаа дека паметен телефон е уред кој покрај стандардната комуникација со глас овозможува и пренос на податоци, а по своите функционалности наликува на стандардните компјутери. Се разбира, сето тоа доаѓа со минималните хардверски побарувања, па така меморијата од неколку GB е неопходна, а за поновите модели тоа важи и за 3G сервисите и GPS чиповите. За да се постигне условот уредот по функционалноста да наликува на стандардните компјутери, производителите сè почесто вградуваат QWERTY тастатура, а и софтверот кој се пишува за нив е сè понапреден и посличен со оној наменет за "поголемите браќа".
За неопходноста од дигитална камера, MP3 и видеоплеер за одржување на потребното мултимедијално ниво, мислам дека не е потребно да се трошат повеќе зборови.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.