Рубрика: Телекомуникации
Развој на мобилната телефонија
Автор: Деан Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Денес, мобилните телефони со своите можности можат да ве остават без здив. Пред две години не можевме да си замислиме мобилен телефон со камера, а денес не сакаме ни да слушнеме за мобилен телефон без камера. Проверете дали знаете сè за мобилните телефони.

Од својата појава па сè до денес, мобилните телефони натераа многу корисници да се откажат од своите фиксни телефони и да пристапат кон безжична комуникација. За прв пат мобилните телефони се појавија на пазарот во 1984 година во САД. Во тоа време ретко кој можеше да си го дозволи луксузот да поседува мобилен телефон, но и покрај екстремно високите цени на мобилните услуги, сепак, интересот за мобилните телефони не се намалуваше. Во тоа време не беше присутна можноста за идентификација на повик, а го немаше ниту сервисот за кратки пораки, СМС. Но, и покрај тоа луѓето ќе стореа сѐ за да разговараат од кој било дел од градот.

Токму затоа веќе во наредните десет години во САД преку 15 милиони Американци поседуваа мобилни телефони. Во 1999 година бројот на корисници на мобилни телефони во целиот свет изнесуваше преку 600 милиони, од кои само во САД имаше 104 милиони. Компаниите при производството на мобилните телефони постојано наидуваа на многу проблеми, но проблем кој најдолго се задржа и сѐ уште не е целосно решен е радијацијата што ја создаваат мобилните телефони и која може многу да наштети на здравјето на човекот.

Во продолжение на овој напис говориме за мобилните телефони и здравјето, користење на мобилните телефони, WAP (wireless application protocol), General Packet Radio Service (GPRS), HSCSD - high speed circuit switched data, MMS, како и новите апликации на мобилната телефонија...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.