Тажно е кога на еден бренд за мобилни телефони му се гледа крајот. Честопати тоа се оние брендови коишто со огромен успех во сферата на технологијата на мобилните телефони одбележале цел еден период, но сега едноставно не можат да го “издржат темпото“. Еден од пионерите во сферата на паметните телефони официјално исчезна, затоа што едноставно не можеше да продолжи.
BlackBerry можеби замре уште кога компанијата одлучи да го продаде бизнисот со производство на хардвер. Или, пак, замре кога се обиде премногу доцна да се натпреварува со Android и iOS со BlackBerry 10. Или, можеби замре кога ги направи беспрекорните производи како BlackBerry Storm... Без разлика како ќе погледнете, Блекбери, како компанија за паметни телефони, почина многу порано од денеска. Овојпат умира брендот BlackBerry.
Уште во декември 2016 година компанијата “TCL Communication” објави дека ги обезбеди правата за производство содавање и продажба на паметни телефони од марката BlackBerry. Тогаш во продажба се појавија телефоните BlackBerry KEYone, Motion, KEY2 и KEY2 LE.
KEY телефоните беа особено интересни, бидејќи во светот исполнет со рамни стаклени плочки што во малку што се разликуваат токму тие го вратија култниот BlackBerry дизајн со физичка QWERTY тастатура. Моделот KEY2 и понатаму користи Android 8.1 Oreo, но неизвесно е дали подоцна ќе има можност за ажурирање на Android верзијата.
Blackberry телефоните започнаа како пејџери во 1999 година, а своето име го изградија во сферата на “службени телефони“. Првиот паметен телефон Блекбери го направи уште во 2002 година. На официјалната објава на Твитер стои дека од 31 август 2020, TCL Communication ќе престане со продажба и производство на оваа марка телефони.
Сепак, ако ја разгледаме историјата на брендот може слободно да кажеме дека BlackBerry никогаш немаше да направи телефон со најнови спецификации, најдобар OLED дисплеј, неверојатни камери или која и да е друга карактерстика што им е неверојатно битна на купувачите на паметни телефони во 2020 година кога се во потрага по ново “милениче”. Задоволувањето на овие менливи хирови едноставно никогаш немаше да се вклопи во ултраконзервативниот стил на BlackBerry, чијашто примарна цел, од самиот почеток, беше обезбедување безбедна комуникација.