Електроника

Во ЕМИТЕР број 2/2000 имавме објавено проект за уред со иста намена кој беше изведен во аналогна техника и не се одликуваше со голема точност. Во овој број ви претставуваме уред со иста намена, но за разлика од претходниот се одликува со голема точност на измерената вредност.


Автомобилска техника

Ако успешноста на Автоекспо 2004 се оценува според бројот на премиерно прикажаните автомобили, квантитетот на излагачите и според убавината присутна на изложбените простори, тогаш тој заслужува навистина добра оцена. Најважно од сè е што тој успева да го одржи континуитетот и покрај сè помалубројниот купувачки аудиториум.


Информатика

Во претходниот број се запознавте со компјутерските вируси, нивната работа, нивната поделба, типови и останатите штетни програми, како и со историјата на компјутерските вируси. Во овој број ќе се запознаете со INFOSEC листата на вируси кои нанеле најголеми штети, како и со вирусите кои оставиле најголем впечаток во cyber светот. Исто така, ќе научите нешто повеќе за вирусите и како да се заштитите од нив.


Астрономија и астронаутика

Генерации научници, филозофи, натуралисти, писатели и уметници го истражуваат потеклото и еволуцијата на животот. Една од омилените шпекулации за вонземскиот живот, особено помеѓу писателите на научна фантастика, е дека биохемијата во друг дел од космосот можеби е базирана на друг хемиски елемент освен јаглерод.


Електроника

Сигурно досега на филм сте гледале импресивни алармни системи кои користат ласер како извор на тенок светлосен сноп кој кога ќе се прекине активира аларм. Токму ваков алармен систем ви претставуваме во овој напис.


Аудио и видеотехника

Дојде крајот на големиот, тежок стаклен ТВ-екран - класичната катодна млазна цевка. Тенките плазма екрани и екраните со течен кристал (LCD) си земаа свој дел од "колачот" на пазарот на ТВ-екрани, но старата, добра класична катодна цевка сè уште добро се држеше... сè до појавата на новиот ласерски систем GLV. Сликата на новиот ласерски GLV екран е толку подобра, што само прашање на денот е кога класичните ТВ-екрани ќе престанат да се произведуваат.


Информатика

Winamp, еден од најпопуларните и најкористени MP3 плеери. Сигурно ви е веќе позната оваа програма и работата со неа. Препознатлив е по својот изглед, но доколку сакате да го смените тој изглед тогаш треба да изработите скин (skin) или да најдете некој веќе изработен.


Телекомуникации

Денес, мобилните телефони со своите можности можат да ве остават без здив. Пред две години не можевме да си замислиме мобилен телефон со камера, а денес не сакаме ни да слушнеме за мобилен телефон без камера. Проверете дали знаете сè за мобилните телефони.


Електроника

На барање на еден наш читател ја подготвивме оваа апликација со цел да му овозможиме неговиот дискмен да го напојува со напон од акумулаторот во кола. Станува збор за едноставен напонски стабилизатор кој влезниот напон од акумулаторот го претвора во напон погоден за напојување на дискмен или каков било уред. Потребата од овој адаптер доаѓа оттаму што напонот на акумулаторот се движи во границите од 10 до 15V, додека дискмените обично се напојуваат со напон од 3 до 6V.


Историја и археологија

Во учебната 2003/2004 година неколку наставници со своите ученици од ДЕТУ "Михајло Пупин" во Скопје учествуваа во реализацијата на мултидисциплинарниот проект "Матка". Во тој контекст беа направени неколку посети на локалитетот Матка, при што се собрани голем број информации и документарен материјал за географските и природните карактеристики, флората и фауната, историскиот развој и културно-историските споменици, како и туристичките и рекреативните можности на овој прекрасен простор.


Наутика

Идејата ми беше првенствено да направам мало пловило за едно лице со погон на вонбродски мотор, кое лесно ќе се транспортира, исто толку лесно ќе се одржува, а од друга страна ќе биде стабилно и безбедно и цената ќе му биде прифатлива. Резултатот ги надмина и моите најоптимистички очекувања, па созадоволство го прикажувам на овие страници со надеж дека ќе ви даде поттик и вие да изработите свој скутер за на вода.


Математика

Потрагата по точниот износ на бројот Пи датира уште од пред античко време. Денес во ерата на компјутерите бројот Пи е пресметан на повеќе од 30 милиони децимални места!


Електроника

Зошто нема ни слика ни тон? Зарем, пак, тој МФ засилувач? Ајде да го запознаеме подобро во овој напис. Следете нè!


Медицина

Уште 1500 години пред нашата ера, луѓето знаеле дека одредени болести можат да се лечат со одреден тип на храна. Во 1880 година Кристијан Ејкман (Christian Eijkman) успеал кај експериментални животни да предизвика недостаток на витамини, а потоа со правилна исхрана да ги излечи. Оттогаш витамините влегуваат како задолжителен дел во современиот начин на исхрана на луѓето.


Аеронаутика

Иако далеку попознат по квалитетот и светската распространетост на своите бродови, автомобили и електронски производи, јужнокорејскиот "технолошки џин" располага и со соодветни производни капацитети, знаење и амбиција, "нестрпливи" досегашното маргинално "острење на техничко-технолошките заби" да го трансформира во индустрија способна за изработка на комплетен адут, подготвен веќе истиот момент да се вмеша во трката на глобалниот, воен, авионски пазар.


Астрономија и астронаутика

Ова е претпоследното продолжение на серијата за телескопи, каде се објаснети монтажите за телескопи и филтрите. Монтажата често пати е неоправдано занемарувана - таа е неопходен дел од телескопот, со голема важност. За сите небески тела, освен Сонцето, филтрите не се неопходни, но се многу корисни во некои ситуации. Кога станува збор за набљудување на Сонцето, сончевите филтри се закон, устав и Божја заповед!


Автомобилска техника

Без сомнение, интересно е да се има еден преглед за појавата на првите мотори со внатрешно согорување, или низ какви сè премрежија поминувал човекот работејќи на своето мало чудо, поставувајќи ги принципите на работа на овие мотори.


Информатика

Во изминатите броеви видовме како се инсталира и како се работи со Линукс оперативниот систем од тврдиот диск, потоа видовме како може да работиме со Линукс оперативниот систем без никакви инсталации, т.е. подигање и работа со оперативниот систем директно од хибридно (live) ЦД. Мислам дека сега е вистинското време да го споменеме начинот на работа со Линукс оперативниот систем со помош на VMware виртуелната машина, т.е.


Аудио и видеотехника

"Хај-Тек" зависниците имаат уште една голема причина за задоволство. Шарп LC-15-L1E е првиот безжичен LCD телевизор кој најавува дека наскоро сосема ќе го промени значењето на телевизискиот приемник во животот на луѓето.


Информатика

Голем број почетници, но и понапредните корисници на Интернет, не ги искористуваат во целост можностите на веб-пребарувачите, како што е Google. Иако на прв поглед овој проблем изгледа мал и безначаен тој се однесува на сите корисници на Интернет, поради тоа што неефикасното пребарување на веб-страниците одзема многу време за преглед на голем број страници, но исто така и го забавува протокот на информации бидејќи пребарува голем број страници кои не се потребни.


Информатика

Високорангираниот ASUS уште еднаш докажа дека е во чекор со времето и воопшто не заостанува зад другите производители. Овој пат ја презентираше ASUS P4S800D Deluxe (SiS655FX) којашто спаѓа во листата на добро оценетите матични плочи.


Електротехника

Во овој напис ќе ве запозанеме со неколку вида на ударни дупчалки и електро-пневматски чекани. Притоа ќе се задржиме на технологијата која производителот Блек и Декер ја употребил во нивната конструкција, начинот на кој тие функционираат, нивната намена, како и основниот принцип на работа со нив. Се надеваме дека овој напис ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор како при набавката на нов алат така и при ракувањето со овие алатки.


Електроника

PLL-колото LM567 првенствено е предвидено за прекинувачки функции. Неговиот излезен транзистор во фаза на вклучување може да издржи максимални 100 mA. Потребно му е напојување од 5 до 12V. Кога се употребува како тонски декодер, неговото фреквенциско подрачје е помеѓу 1Hz и 100kHz. Во овој напис ќе разгледаме 3 апликации со ова коло: осцилатор со две фреквенции, допирен сензор (прекинувач) и тонски релеј.


Макетарство и моделарство

Комплетот ракетен модел С-3-Б и С-6-Б, повторно е производ на неуморниот наставник по воздухопловно и ракетно моделарство Атанас Ташовски, од АК Кавадарци. Кратенката С-3-Б, укажува на фактот дека се работи за ракетен модел со падобран со мотор од 5 Ns, а С-6-Б е ракета со лента (стример), исто така погонувана со мотор од 5 Ns. Во ЕМИТЕР 4/04 беше опишано составувањето на ракетниот модел С-3-А и С-6-А.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овој месец ќе бидеме сведоци на една исклучително ретка астрономска појава - минување (транзиција) на Вера преку сончевиот диск. Несомнено овој феномен претставува случување на столетието, па сите астрономски друштва и асоцијации активно се подготвуваат за набљудувањето.


Омнибус

Кенвуд KVT - 725DVD - монитор со ДВД рисивер; CAV - новата ѕвезда во хај-фај светот; 41-ва Државна смотра на млади техничари и природници; XXIII Државни натпревари на средните училишта од електротехничката, машинската и сообраќајната струка; Security Event - аспекти и решенија; Невидливи bot напади; Чудо од калкулатор; Доктор околу малиот прст; Свилени колена; Дрво и вино... и звучник; Лексус LF-C - концептно спортско купе; СААБ -2Х клонирана Субару Импреца; Големото куче наш прв сосед?


Писма
Проблематичен отпорник во ТВ-приемник РИЗ 777
Избор на телескоп
Засилувач со слаби басови
Прашања за полначот од Е4/04