Рубрика: Информатика
Компјутерски вируси (2. дел)
Автор: Благоја Пулчески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2004.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во претходниот број се запознавте со компјутерските вируси, нивната работа, нивната поделба, типови и останатите штетни програми, како и со историјата на компјутерските вируси. Во овој број ќе се запознаете со INFOSEC листата на вируси кои нанеле најголеми штети, како и со вирусите кои оставиле најголем впечаток во cyber светот. Исто така, ќе научите нешто повеќе за вирусите и како да се заштитите од нив.

За да го избегне своето детектирање, вирусот се прикачува на некоја регуларна програма. Главно вирусите се дизајнирани за да избришат одредени податоци на хард дискот, но има вируси кои се програмирани да не вршат никакви деструктивни активности. Одредени скенери за вируси детектираат одредени вируси, но нема скенер за вируси кој ги детектира сите вируси. Нема скенери за вируси кои можат да ве заштитат засекогаш од вирусите. Поради тоа треба да се врши постојана надградба на антивирусните програми, бидејќи речиси секој ден на Интернет има нови вируси кои скенерите не можат да ги препознаат. Хард диск системи кои се напаѓаат полесно се FAT (File Allocation Table, 16 bit), FAT-32 (32 bit) и NTFS ( New technology File System), но има и добри програмери кои прават вируси и за Mac, Apple и *nix системите.

ДРУГИ ТИПОВИ ВИРУСИ

Има повеќе типови на вируси. Тие се: boot сектор вируси, фајл вируси, повеќеделни вируси, тајни (stelth) вируси, полиморфни вируси, макровируси и Batch фајл вируси. Со вирусите на boot секторот, стелт вирусите и полиморфните вируси се запознавте во претходниот дел на овој текст, сега да ги запознаеме одблиску и останатите.

...

Вирусите се појавуваат секојдневно. Некои од нив се незабележителни и безначајни, но некои с# уште се паметат по тоа што направиле големи штети. Според INFOSEC (Information Security) најголеми напади и штети од 1997 до 2002 година се извршени од Code Red, Nimda, Melissa, LoveLetter, потоа од DDoS напади и од тројанците. Оваа година, барем засега, не се појавени поголем број вируси кои предизвикале милионски штети. MyDoom е црвот кој оставил трага од своите штети оваа година, како и најновиот вирус кој се појави на 4 мај, тоа е вирусот Sasser. Повеќе информации за овој вирус како и заштита од него можете да најдете на www.microsoft.com/security/incident/sasser.asp.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.