Рубрика: Електроника
Автоматско ноќно светло
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Дворови, патеки, влезови... Сите тие навечер треба да бидат осветлени. Рачното палење и гасење на светлото е наједноставното но, не и најдоброто решение. Тоа лесно се заборава, а резултат на тоа се непријатните модрици, ако светлото не се вклучи, или залудно потрошена енергија, кога светлото ќе остане вклучено и преку ден. Решението за сето ова е уредот прикажан во овој напис. Тој навечер автоматски ќе го вклучи светлото, а наутро (или после одреден број часови) ќе го исклучи. Се разбира, останува и можноста за рачно палење и гасење на светлото.

Дворови, патеки, влезови, куќни броеви. Сите тие треба да бидат осветлени во ноќните часови. Се разбира, наједноставниот начин е светлото навечер да се вклучи, а после неколку часа или наутро да се исклучи. Тоа лесно се заборава. Резултатот е понекоја непријатна модрица ако светлото не се вклучи, или залудно потрошена енергија кога светлото ќе остане вклучено преку ден. Решението е уред кој навечер автоматски ќе го вклучи, а наутро ќе го исклучи светлото. Ако на истиот уред се додадат тајмер, кој во доцните ноќни часови неколку часа по вклучувањето ќе го исклучи светлото, како и тастери за принудно вклучување и исклучување, се добива уред кој ќе ги задоволи потребите и на најпребирливите корисници.

Исправки и дополнувања:
Промена на побудата на релејот

Направив голема грешка. За да си заштедам труд и време, а на пријателот да му заштедам пари, се договорив автоматот за ноќно светло да го објавам како апликација, а потоа тој да си купи плочка од ЕМИТЕР и сам да го изработи. Пријателот заштеди пари, а јас потоа се изнамачив додека не открив зошто не работи. Утеха можеби ќе ми биде сознанието дека е време старите каталози да ги фрлам и да побарам нови.
Според податоците со кои јас располагам, еден релеј за DC-напон со сигурност се вклучува кога напонот на неговата намотка изнесува барем 75% од номиналниот напон, а со сигурност се исклучува кога тој е помал од 35%. За релеј од 12Vdc тоа значи дека минималниот потребен напон за вклучување изнесува 9V, а максималниот напон при кој вклучен релеј нема да отпушти изнесува 4,2V. Се покажа дека не е така. За да го растоварам стабилизаторот, при дизајнирањето релејот го поврзав со влезот на стабилизаторот, каде што владее нестабилизиран напон нешто поголем од 15V. Кога излезот на компараторот IC2b е на висок потенцијален (≈Udd т.е. ≈12V) транзисторот T2, за релејот се однесува како диода со пад на напон помеѓу емитерот и базата не поголем од 0,6V. Тоа значи дека на намотката на релејот постои напон не поголем од 3,5V па би требало релејот да отпушти. Бељата е во тоа што во изработениот склоп релејот не отпушта и кога напонот на неговата намотка изнесува само 2V (тоа е помалку од 20%). Лед диодата D2 се пали и гаси при промена на интензитетот на светлината, но релејот штом еднаш ќе се вклучи, за навек останува вклучен.
Им се извинувам на сите што имаат (или имаа) проблеми поради мојот пропуст, а за негово надминување можам да понудам две решенија. Првото е замена на релејот од 12Vdc со релеј од 15Vdc. Овој предлог звучи логично, но поради непријатното искуство со релејот од 12Vdc, не можам да бидам сигурен дека и релејот за 15V сигурно ќе отпушти при напон од 3-3,5V. Второто решение, кое и јас го применив, е поврзување на релејот со излезот на стабилизаторот каде што напонот изнесува точно 12V. За таа цел прво треба да го прекинете бакарниот вод што од плусот на грецовиот насочувач оди кон релејот, а потоа катодата на диодата D3 со кусоспојник да ја поврзете со излезот на стабилизаторот.
Инаку, релејот што ми зададе толку мака има ознака JQX-14F/012-1Z. Не знам кој е производителот, но ќе се обидам да ги најдам податоците за него. Ако не за друго, за да утврдам дали јас сум закопан во технолошкото минато или нешто не е во ред со самиот релеј. На неговата намотка измерив отпорност од 250Ω што одговара на струја од 48mA. Заедно со лед диодата тоа претставува дополнителен товар за стабилизаторот од околу 55mA, но бидејќи останатиот дел на колото не влече повеќе од 15mA сè уште е во дозволените граници.
Георги Ефтимов


Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК314
ИК: LM393, CD4060;
Релеј: 12dc
 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.