Рубрика: Електроника
Школа за електроника: Осцилатор со два транзистора како звучен и светлосен индикатор
Автор: Дејан Антоновски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Осцилаторите имаат многу широка примена во електрониката и во секојдневниот живот. Една од основните примени е тие да послужат за давање звучна или светлосна индикација при некој настан, како на пример: отворање на врата, појава на светлина или темнина, појава на зголемена температура, појава на влага итн. Во овој напис од рубриката школа за електроника ќе разгледаме еден таков едноставен осцилатор со два транзистора, ќе проучиме како функционира и како може да се употреби за одредена алармна намена.

Прикажаните осцилатори можат да бидат добра практична вежба во електротехничките училишта, во секциите за елек­тро­ника во другите училишта, како и за секој хоби-електрони­чар кој е почетник и сака да научи нешто ново. Осцилаторот може да се изработува со различни вредности на елементите кои се дадени на електричните шеми и да се согледа какво е нивното влијание. Исто така, може да се експериментира и со различни типови сензори на местата на NO и NC прекинувачи­те и така да се согледа начинот на функционирање и приме­ната на колото. 

Технички карактеристики:

Транзистори: BC547 и BC557;
ППК: ЕМИТЕР ППКУНИ1

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.