Во професионалното аудио најчесто се користат дигитални активни свртници (LMS, „DSP процесори”), во кои се вградени многубројни дополнителни функции – разни видови еквилајзери, филтри, delay, компресори, итн. Од друга страна, поретко во употреба се професионалните аналогни активни свртници, кои се лимитирани само на еден вид на филтер и на една delay функција. Но, не треба да се задоволиме со (пот)просечното! Овој проект е двопојасна аналогна активна свртница со delay, shelf и notch функција – нешто што е многу ретко за проект за самоградба, и тоа во светски рамки, а потполно непостоечко кај професионалните комерцијални („фабрички”) аналогни свртници! Згора на тоа, целата оваа комплексна свртница е реализирана со само едно единствено интегрирано коло TL074!