Емитер 7-12/2019.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Пред да отпочне со изработката на некоја макета, прво што треба да направи еден искусен макетар е: детална анализа и преглед на контурната (димензиска) точност на макетата, преглед на составницата, логичноста на составувањето на деловите (бидејќи не секогаш редоследот даден од производителот на макетата овозможува квалитетно составување), квалитетот и бројноста на деталите дадени во и на површината на макетата (површинската панелизација), точноста на дадените маскирни (камуфлажни) шеми и боите кои притоа треба да бидат искористени, точноста и димензиите на налепниците (decal) и уште ред други анализи кои во зависност од искуството на макетарот се наметнуваат како потреба за да се отпочне со изработката на макетата!
Сето ова денес како логична постапка го наметнува користењето на интернетот како интерактивна алатка за прибирање информации, односно тоа е првото нешто што ви доаѓа на ум кога треба да соберете доволно информации за квалитетно, детално и точно да изработите некоја макета!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.