Рубрика: Макетарство и моделарство
Макети на воздухоплови од фамилијата Fitter (1)
Автор: Марјан Трајков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 12/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Воздухопловите конструирани од советскиот (рускиот) гигант за производството на воени воздухоплови - воздухопловното конструкторско биро ОКБ "Сухој" и фамилијата воздухоплови кои се познати под НАТО ознаката "Fitter", во последните десетина години сè повеќе ги привлекуваат макетарските ентузијасти и предизвикуваат жешка трка меѓу производителите на макети. Во следниот циклус на написи од областа на макетарството ќе обрнеме повеќе внимание на овој тип новости кои ја окупираат светската макетарска јавност.

Во средината на педесеттите години од минатиот век во тогашниот Советски сојуз почнаа да се развиваат воздухоплови кои за разлика од нивните претходницио наместо клиптен погон користеа исклучива млазен погон. Ваквиот тренд беше резултат на трката во вооружување што ја наметна студената војна и скоро десетгодишно активно користење на млазната технологија од страна на соперниците. На конструкторското биро Сухој како и на неколку други конструкторски бироа им било наложено да конструираат суперсоничен ловец-бомбардер кој ќе ги задоволи критериумите за превласт во воздухот на поголеми растојанија и можност за вршење тактички бомбардерски дејствија. Прототипот означен како С-1 бил конструиран во 1954 година, а полетал една година подоцна.

По завршените првични тестирања министерството за одбрана по препорака на телото задолжено за проценка на надежноста на конструкциите АТББЦ, го избрало новиот дизајн како примарен во т.н. ловци-бомбардери од првата линија на одбрана. По ова следеле големи тестирања на конструкцијата, за официјално да биде претставена во 1956 година на парадата по повод денот на военото воздухопловство. Од оваа предсерија С-2 произлегла сериската ознака на воздухопловот и за првпат го понел името на Сухој како Су-7. По ова следеле и првите модификации на трупот кои резултирале со нова предсерија со ознака С-22 и сериска ознака Су-7Б.

Добропознатата фирма во светски рамки и една од фирмите која доминираше на македонскиот пазар, тогашната чехословачка форма KP, од неодамна Kopro, во соработка со полската фирма Master Craft на пазарот ја имаше исфрлено најверојатно единствената доволно точна макета на Су-7БКЛ "Fitter A" во R:1/72 No.15680. Од неодамна, споменатата фирма KP (Kopro) на пазарот исфрли серија макети од фамилијата "Fitter A" во R:1/72 и тоа: старо-новата макета Су-7БКЛ "Fitter A" No.126 и Су-7БКЛ "Arabian" No.256, макети кои всушност ја претставуваат истата одливка само во ново руво т.е. нови пакувања со налепници, камуфлажни шеми и најверојатно дополнителен број делови...

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 12/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.