Омнибус

Егзотично затемнување на сонцето;
Во центарот на маглината рак;
Млечниот пат-неговиот најдобар профил;
Siemens Lifebook E7010;
Опелови мотори за новата Лада Нива;
Ниеден бизнис не е како Е-бизнисот;
Daewoo Kalos;
Автомобилско кино Sony XVM-R75;
6-степенски типтроник менувач за Audi TT;
Последен здив на една ѕвезда;
USBDrive 256 MB;
Plextor combo;
X-47A Pegasus;
Renault ја проширува примената на airbag-от;


Автомобилска техника

Во поглед на присуството на нашите патишта, Mitsubishi Carisma (Мицубиши Каризма) слободно може да се споредува со автомобили како што е на пример Porsche 911. Иако во вакво издание Carisma е присутна на автомобилскиот пазар од 1999 година, таа е вистинка реткост кај нас. Причините за тоа можеби треба да се бараат во не докрај дефинираниот статус на фирмата на нашиот пазар и, секако, незабележителниот маркетиншки настап.


Автомобилска техника

Сервоволанот беше ретко присутен кај малите автомобили од неколку причини. Првата беше цената, па "крадењето" 1 до 2 kW од силата на моторот и на крај зголемената потрошувачка на гориво за 2 до 5%. Со вградувањето на електричен наместо класичен сервоуред, кој наместо хидраулична пумпа користи електромотор, се елиминираат претходните недостатоци и со тоа сервоволанот стана прилично важен и сè почест дел од сериската опрема на автомобилите.


Автомобилска техника

Во почетокот претставниците на оваа класа беа малубројни и недоволни за да се изборат за своите права формирајќи своја лига, па така немаа точно дефинирана припадност кон некоја класа и затоа најчесто беа нарекувани како "шминкерски џипови".


Аеронаутика

HV 609 (слика 1) е првиот повеќенаменски авион со tilt-rotor мотори (конвертиплан), кој е наменет за цивилниот пазар. Неговата можност да ги соедини двата сегменти (брзина на авион и полетување и слетување како хеликоптер) го прават практичен и употреблив за секакви намени.


Астрономија и астронаутика

Ѕвездите ни изгледаат вечни, но во вселенски размери, тие минуваат низ одреден циклус: се "раѓаат", живеат и "умираат". Нивниот "крај", за научниците претставува една од најинтересните појави во Вселената.


Астрономија и астронаутика

Астероидите - материјал за неоформената планета помеѓу Марс и Јупитер? Вселенска сонда во мисија на испитување на астероидот Ерос. Група астероиди со нестабилни орбити ја загрозуваат безбедноста на Земјата.


Аудио и видеотехника

Широкопојасните (fullrange) звучници уживаат култен статус кај аудиофилите. Тој статус најчесто е резултат на пишани и усни преданија, а не на искуства од прва рака (прво уво). Малкумина имале можност во живо да слушнат некој истакнат претставник на овој тип на звучници – на пример Lowther. Причината за тоа е високата цена на овие звучници, а освен тоа тие по правило се вградуваат во кутии од типот на хорна – кои се комплицирани за изработка, а со тоа и скапи.


Електроника

Направете си едноставно коло кое ноќе во ваше отсуство, повремено ќе ги пали светилките во вашиот дом, одвраќајќи ги евентуалните разбојници од идејата да провалат внатре и да извршат кражба на вашите вредни предмети.


Електроника

Постојат многу начини синусниот сигнал да го претворите во правоаголен. Тука ви претставуваме еден начин кој се одликува со едноставност, ниска цена и сигурна и прецизна работа. Овој уред може да го користите како влезен степен за аудио фреквенциометар, за разделување на сигналот од шумот кај радио-контролираните модели, за добивање временска база од фреквенцијата на мрежниот напон и слично.


Електроника

Со минимален број на ефтини компоненти може да се реализира засилувач кај кој засилувањето може линеарно да се менува од –1 до +1. Предзнакот минус (-) во случајов не означува намалување на засилувањето, туку означува дека излезниот сигнал е во противфаза со влезниот. Овој засилувач наоѓа примена во колата за опработка на аудио сигнал односно за добивање на различни аудио ефекти.


Електроника

За FM предаватели во "ЕМИТЕР" е пишувано во неколку наврати. Овој пат ќе ви претставиме еден мал и едноставен FM предавател, преку кој младите конструктори и љубители на радиотехниката можат да ги стекнат своите први исклуства.


Информатика

Дали некогаш, додека сурфате на Интернет, сте осетиле дека нешто чудно се случува со вашиот компјутер, ви се отварале ли програми за кои не сте побарале да се подигнат, ви се исклучил ли компјутерот ненадејно или ви фали некој податок од дискот и зошто е тоа така?


Информатика

Категорија 6 беше предмет на дискусија речиси 4 години до моментот на лансирањето на првиот кабелски продукт пролетта 1998 година. Денес, кога голем број на проекти е базиран на Категорија 6/Класа Е, јасно е дека прашањето "Зошто е потребна Категорија 6" не е предмет на дискусија, а и бенефициите се добро дефинирани и познати. Но, она што често доведува до забуна е прилагоденоста на компонентите од различни производители, посебно кога станува збор за преспојните кабли, т.н.


Информатика

Динамичниот развој на Електронскиот бизнис наметнува високи стандарди за заштита кои антивирусните солуции треба со висок степен на заштитно ниво да го пратат трендот и да го зачуваат високото место во заштита и превенција од вируси. Како алатка која ке ни помогне во реализирањето на овие задачи, фирмата Computer Associates International Inc. (CA) и нивниот македонски партнер НЕОКОМ, на презентацијата одржана во "Холидеј Ин", го понудија eTrust InoculateIT 6.0 /eTrust Анти-Вирус.


Телекомуникации

Сте купиле сателитска антена. Браво, одличен избор. Сега следува најважниот дел, а тоа е монтажата и позиционирањето на сателитската антена. Монтажата на сателитската антена можете да ја направите сами, со најосновен алат, иако многумина би помислиле дека монтажата а особено подоцнежното позиционирање на антената е тешка и деликатна работа. Во текстот што следи е објаснето како на наједноставен начин и со минимални трошоци да ја монтирате вашата сателитска антена.


Математика

Пред сè, сакам да упатам големи пофалби за сите решавачи на задачите од октомврискиот и ноемврискиот број на ЕМИТЕР, кои што на наше задоволство се јавуваат во сè поголем број. Имено, во нашата редакција пристигнаа многу ваши писма, главно со точни решенија, но и оние читатели кои што ни испратија решенија а не се спомнати во текстот подолу ги охрабрувам и понатаму да продолжат да решаваат и да ни ги испраќаат своите решенија, размислувања, предлог-задачи и сугестии.


За најмладите

Со илјадници години луѓето настојувале со што посигурни механизми да го заштитат својот имот. Од пронаоѓањето на бравата и клучот, пред 4000 години, па сèé до денес, произведувачите на оваа неопходна направа најголемо внимение посветуваа на изгледот на клучот, неводејќи сметка за техничките својства и практичноста. Меѓутоа, од неодамна, клучарите произведуваат сèé посовршени клучеви и механизми за заклучување, а најмодерните се опремени и со електронски уреди.


За најмладите

Светлина имало уште на почетокот. Ќе има светлина и на крајот. Во сите форми, видлива и невидлива – таа го преплавува универзумот. Модерната физика ја соголи материјата на природата на сè помали и поегзотични состојки, но не може да го направи истото и со светлината. Светлината е светлина - чиста, но не и едноставна. Никој во целост не е сигурен како да ја опише. Бран? Честичка? Да, научниците велат: обете.


Годишен индекс

Рубриката Годишен индекс ви овозможува преглед на сите написи објавени во тековната година систематизирани по азбучен ред и научни области. Кога ќе го лоцирате насловот на написот кој ве интересира едноставно следете ги точките и дознавате во кој број на ЕМИТЕР тој бил објавен во тековната година и на која страница. Годишниот индекс е особено практичен прилог за читателите кои ги чуваат (укоричуваат) примероците од цела година.


Електроника

Генераторот на функции е еден од неколкуте задолжителни лабораториски уреди. Неговата основна намена е генерирање на сигнали со различни бранови облици, најчесто синусен, триаголен и правоаголен, кои понатаму се користат за побудување, испитување, тестирање и мерење на електронските кола.


Телекомуникации

Неодамна холандскиот гигант Philips (Филипс), на јавноста и го презентираше Fisio 120. Овој апарат спаѓа во ниската класа на "мобилки", но тоа не значи дека нема свои квалитети. Напротив, со компактните димензии и едноставното мени, Fisio 120 може да им конкурира и на поскапите модели.


Макетарство и моделарство

Воздухопловите конструирани од советскиот (рускиот) гигант за производството на воени воздухоплови - воздухопловното конструкторско биро ОКБ "Сухој" и фамилијата воздухоплови кои се познати под НАТО ознаката "Fitter", во последните десетина години сè повеќе ги привлекуваат макетарските ентузијасти и предизвикуваат жешка трка меѓу производителите на макети. Во следниот циклус на написи од областа на макетарството ќе обрнеме повеќе внимание на овој тип новости кои ја окупираат светската макетарска јавност.


Столарство

Во минатиот број ве запознавме со мини дупчалката и основните додатоци кои најчесто можат да се сретнат во основниот хоби кит. Во овој број го објавуваме првиот проект со кој можете да ги тестирате досегашните знаења, или пак, да почнете да ја користите мини дупчалката. Земајќи ја предвид едноставноста на проектот, на почетниците им препорачуваме да започнат токму со него.


Писма
Мостна врска на засилувачот од 500 W
Прашања, предлог и многу лутина