Рубрика: Аудио и видеотехника
Дигитални видеокомпресии (2)
Автор: Милчо Узунов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Просторот на боите е, всушност, замислена математичка форма за графичко прикажување на боите во замислен димензионален простор. Како почетна база за просторот на боите постојат две дефиниции за простор, тоа е просторот за печатените медиуми, или таканаречениот CMYK Color Space (Cyan, Magenta, Yellow & Black Color Space), и просторот за видеомедиумите, или RGB Color Space (Red, Green & Blue Color Space)

Во минатиот број спомнавме дека количеството податоци кај видеосигналите претставува сериозен фактор, кој задол­жително треба да се земе предвид при нивната анализа, обработка и транспорт. Но, пред да навлеземе во суштината и проблематиката на видеокомпресиите, најнапред треба да се посветиме на видеосигналите погледнати од страната на нивната содржина или од аспект на боите кои се нивни состав­ни елементи. Погледнато, пак, од страна на количеството податоци, ќе заклучиме дека единствена оптимизација или нивно намалување може да постигнеме токму со интервенција во боите на електронската слика. Оваа констатација денеска разви цела наука за боите во дигиталната електронска видео­сфера, која целосно е “просторот на боите”, всушност е замислена математичка форма на графичко прикажување на боите во замислен димензионален простор.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.