Рубрика: Електроника
Двопојасна активна свртница со delay, shelf и notch функција (1)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2019.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во професионалното аудио најчесто се користат дигитални активни свртници (LMS, „DSP процесори”), во кои се вградени многубројни дополнителни функции – разни видови еквилајзери, филтри, delay, компресори, итн. Од друга страна, поретко во употреба се професионалните аналогни активни свртници, кои се лимитирани само на еден вид на филтер и на една delay функција. Но, не треба да се задоволиме со (пот)просечното! Овој проект е двопојасна аналогна активна свртница со delay, shelf и notch функција – нешто што е многу ретко за проект за самоградба, и тоа во светски рамки, а потполно непостоечко кај професионалните комерцијални („фабрички”) аналогни свртници! Згора на тоа, целата оваа комплексна свртница е реализирана со само едно единствено интегрирано коло TL074!

Во најдобрите студиски мониторски звучници нема пасивни свртници (crossover), туку исклучиво активни, со два засилувача за двопојасните или три засилувача за тропојасните конструк­ции. Причината за ваквата “компликација” е еднос­тавна – така се добива најквалитетен звук. Притоа, не е доволно само да се одделат фреквенциските појаси (за високотонецот и средно/нискотонецот) со активната свртница, туку треба да се изврши и израмнување на амплитудно-фреквенциската карактеристика (АФК) на секој звучник одделно, а на крајот, ако е потребно, и да се изврши доцнење (во временски домен) на сигналот за високотонецот (најчесто). Овие функции можат да се извршат во аналоген или во дигитален домен. Во последно време, за тие функции сè повеќе се користи дигиталната електроника, затоа што на тој начин на располагање стојат и дополнителни можности и функции. Но, аналогната изведба има свои предности кога се работи за самоградба на евтини и едноставни конструкции.

Исправки и дополнувања:
Двопојасна активна свртница со delay, shelf и notch функција 1 (Емитер 7-12/2019)

Во шемата на слика 9 се поткраднаа два пропуста – заменети се пиновите за напојување и изос­та­вен е водот помеѓу ногичката 9 од TL074 и спојната точка помеѓу C8 и R11. Тие пропусти се коригирани во шемата претставена во ЕМИТЕР 7-12/2020, каде е објавен вториот дел од написот.


Главни елементи и материјали:

ИК: TL074

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2019. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.