Рубрика: Електроника
СМС аларм
Автор: Добре Блажевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 10/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во еден од минатите броеви на ЕМИТЕР објавивме проект за алармен уред што може да врши дојава преку обична телефонска линија доколку се активира некој аларм. Овој пат објавуваме проект за уред што при активирање на некој аларм врши дојава преку СМС порака на вашиот мобилен телефон.

Досега многу ретко сме истакнувале дека најголемиот број од проектите што се објавуваат во ЕМИТЕР се всушност по барање или по идеа на некои наши читатели. Проектот што ќе го објавиме овој пат е направен по предлог токму на еден наш читател. Неговата идеја беше да се надгради “Домашниот Буба Аларм” како истиот би можел да врши дојава преку мобилен телефон. Такви проекти постојат многу, но ние решивме да модифицираме еден од проектите што во ЕМИТЕР, како практична реализација, постои подолго време и извршува слични функции.

Кога почнавме со реализацијата на идејата, појдовна задача беше крајниот уред да може да се применува во возило, но и во некоја просторија. Готовиот уред можете да го видите на сликата. Уредот е направен така што на него можат да се приклучат разни сензори и прекинувачи или, пак, истиот да се поврзе на некои од веќе постоечките алармни уреди што обично се поставуваат по разни објекти и возила. Комплетниот SMS аларм во целина се состои од еден GSM телефон и уред за мониторење и контрола.

За да му се овозможи на корисникот на алармот да избере текст за SMS пораките што ќе ги праќа SMS алармот, постојат неколку начини. Но, најнапред за да се запази ниската цена на чинење на материјалот потребен за градба на овој уред, решивме корисникот да го програмира текстот на SMS пораките на еден многу необичен, но едноставен начин. Од друга страна, креирањето и декодирањето на SMS пораките во GSM системот не е едноставна работа. Имено, GSM апаратите текстот од SMS пораките го обработуваат и претвораат во една низа од хексадецимални бројки. Тие бројки се добиваат на посебен начин, преку поместување на битови од секој еден текстуален карактер. Покрај другото, во истата порака мора да се додадат и многу други параметри меѓу кои и телефонскиот број каде треба да се испрати соодветната SMS порака. Постапката не е којзнае колку сложена, но сепак бара внимание и соодветна софтверска обработка. Како би се поедноставила програмата за микроконтролерот, а воедно како би се постигнала заштеда на микроконтролерската меморија, решивме телефонот да биде тој што ќе ги обработува SMS пораките, а нашиот уред за мониторење и контрола само ќе ја искористи нивната обработена содржина, како и телефонскиот број каде тие треба да се испратат.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК830
Печатена плочка: CHIP82
 
Датотеки за преземање:
* најавете се за да можете да ги преземете датотеките
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.