Емитер 11/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Бројачот е наменет за мерење на временскиот период помеѓу два телефонски импулси, како индикатор на должината на еден тарифен телефонски импулс. Примената се состои во навремено прекинување на телефонската врска, пред да пристигне новиот импулс за тарифирирање. На тој начин максимално се искористува претходно наплатениот импулс. Должината на временскиот период помеѓу импулсите за тарифирирање изнесува од неколку секунди за меѓународен разговор, до 6 минути за локална градска врска.
Бројачот го покажува изминатиот временски период помеѓу два консеквентни телефонски импулси, на три седумсегментни LED-дисплеи. Максимален временски период кој може да се прикаже со трите LED-дисплеи е време од 9 минути и 59 секунди. Овој период е сосем доволен за временски да го опфати најдолгиот временски интервал од 6 минути за градска ефтина тарифа на телефонскиот импулс.
Нашиот уред за мерење на времетраењето на телефонските импулси е составен од: бројач, временска база и коло за ресетирање со резонантен филтер.
Примена
Основната намена на бројачот е замислена како бројач за Интернет, не за мерење на потрошените импулси “on line”, туку за одредување на преостанатото време од секој одделен импулс. Целта е да се знае кога да се изврши дисконекција, без да се тарифирира наредниот импулс.
Примената е целисходна при меѓународен разговор, кога може веднаш да се одреди времетраењето на секој одделен тарифен импулс. Ако бројачот брои “0 : 01”...”0 : 02”...”0 : 03” ... “0 : 00” очигледно е дека времетраењето на импулсот за наплата е три секунди.
Сигурно не знаете дека времетраењето на еден импулс при разговор со мобилен претплатник изнесува 10 секунди, односно 6 секунди во поскапата тарифа. Времетраењето на импулсот за градска врска изнесува 6 минути за евтина (ноќна), односно 3 минути за дневна (скапа) тарифа. Меѓуградските разговори содржат импулсни секвенци на наплата од 60 секунди, односно 30 секунди.
Уредот е одлична декорација на работната маса поставен покрај компјутерот. Напојување од +5 V добива од напојувањето на компјутерот, а го користам при работа на Интернет.
Како додаток на уредот “Бројач на телефонски импулси” од ЕМИТЕР 1/99, претставува помагало без кое, по само неколку дена од неговата употреба, веќе нема да можете.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.