Емитер 7-8/1999.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во времето на процесори и компјутери, дигитални телевизори со интелигентни програми и можности кои како да ни ги читаат мислите, веројатно е лесно да го заборавиме стариот телевизор. Да заборавиме дека работел по цели ноќи кога сме заспивале пред него. Едноставно да го фрлиме и да си купиме нов. Се разбира многумина од нас и би го сториле ова, но ситуацијата која не опкружува, се разбира онаа економската, во многу случаи не го дозволува тоа. Стариот телевизор и понатаму ќе го користиме и ќе внимаваме на него како да е нов. Токму за грижата, старите телевизори и заспивањето говори текстот кој следи.
Во овој напис ќе стане збор за телевизиски тајмер, или уред кој автоматски ќе го исклучи вашиот телевизор по одредено време. Овој уред веќе подолго време ми стои покрај малиот телевизор во мојата соба и верувајте дека многупати си ја завршил својата функција, да го исклучи телевизорот кога ќе заспијам.
Денешните телевизори оваа опција ја имаат како вградена, но тоа не беше случај кај постарите модели. Само сетете се колку е напорно да станете и да го исклучите телевизорот кога веќе ве фатила дремка, а морате за да не остане вклучен цела ноќ. Овој тајмер овозможува да го нагодите времето на држење од дваесетина секунди до два часа. Овој опсег на нагодување сметав дека е оправдан тргнувајки од две причини:
• Кратко време за да може да се провери дали работи уредот и
• долго време за да не станувате премногу често да го продолжите времето.
При изработката на овој уред посебно внимание посветив на неговата едноставност. Во напојувачката секција употребив трансформатор, грец како насочувач и 7812 како стабилизатор на напон.
Се надевам дека моето решение ќе ви се најде и понекогаш ќе се сетите на ЕМИТЕР и корисноста на текстовите во него.
ИК: NE555, 7812;
грец: B40C1000
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.