Емитер 11/1998.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
По различни списанија и книги често можат да се сретнат текстови со наслови "500W засилувач", "1000W гигант засилувач", "JUMBO засилувач" или текстови како: засилувач со FET или MOSFET или LDMOS, VDMOS, VMOS, а сигурно ќе се појави и некој текст со F$G%NMOS - ме разбирате што сакам да кажам. По објавувањето на таквите текстови обично се јавува голема заинтересираност од страна на читателите. Се јавуваат и првите "жртви" на таквите текстови. Жртви се обично оние кои штотуку навлегуваат во светот на електрониката, а неретко и "поупатените" па дури и електроничарите "професионалци" кои немаат поголемо практично искуство околу конструирањето на такви моќни засилувачи. Посебно сакам да потенцирам дека во таквите текстови ретко експлицитно се потенцира што конструкторот на таквиот засилувач треба да поседува освен текст на неколку страници, ентузијазам, и соодветни компоненти. Треба да поседува и големо практично искуство, да ги знае "малите тајни на големите мајстори" на таквите конструкции, и да знае дека грешките кај таквите конструкции скапо се плаќаат. Притоа не станува збор за десетици марки за само една скоро безначајна грешка, туку за големи разочарувања и комплекси. Често ми се случува по објавувањето на такви текстови да ми се јават за помош и совет лица на кои дотогаш најсофистицираната конструкција им бил некој трепкач со две LED диоди. Моите уверувања упатени кон нив дека подобро да не ни помислуваат да се впуштат во конструирање на такви моќни засилувачи се обично залудни. Потоа обично следат многу потрошени пари и време, голем труд и уште поголемо разочарување.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.