Рубрика: Електроника
Фоторелеј со импулсен и континуиран излез
Автор: Георги Ефтимов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/1999.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фотоелектричните релеи главно се користат за автоматско вклучување и исклучување на јавното осветлување. Поради тоа тие не можат да се користат таму каде што е потребна само краткотрајна информација за промената на интензитетот на светлината. Фото-релејот прикажан во овој проект ги задржува сите добри карактеристики на постоечките, а истовремено може да се користи за импулсна детекција на интензитетот на светлината.

Фото-релејот работи на принцип на конверзија на светлината во напонски логички нивоа и може да работи во четири режими на работа:
1.  импулсен излез при зголемување на интензитетот на светлината,
2.  импулсен излез при намалување на интензитетот на светлината,
3.  континуиран излез при зголемување на интензитетот на светлината и
4.  континуиран излез при намалување на интензитетот на светлината.

Во изработениот прототип употребен е готов фото сензор во кој е вграден фото елемент со „темен отпор” од околу 150k и „светол отпор” од околу 2k5. Сензорот е земен од неисправен фото-релеј тип FOR - 5 на „Емо” од Охрид. Ако не можете да набавите готов фото-сензор (каков било) ќе треба сами да направите еден.

Исправки и дополнувања:
"Фото релеј" (ЕМИТЕР 5/99)

Компјутерската техника повторно ни приреди непријатно изненадување. При внесувањето на цртежот на ППК исчезнаа споевите на три елементи (D1, C6 и T2) со соседните водови. Затоа изгледот на ППК и распоредот на елементите за фото релејот од претходниот број ги прикажуваме повторно. Се надеваме дека овој пат нема да има мистериозни исчезнувања и поместувања на елементи. Како и да е, оние што спомнатата ППК ја порачале од нашиот ППК сервис не треба ништо да корегираат бидејќи тие плочки ја немаат спомнатата грешка.


Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК521

ИК: CD 4011, NE 555
фото сензор

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/1999. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.