Емитер 11/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Изработката на овој уред е иницирана од потребата во мал простор да се смести инструмент кој последователно ќе го испишува напонот на неколку (во овој случај осум) мерни напонски точки. Ова е алтернативно решение за поставување на осум независни волтметри, кои го прикажуваат напонот што го мерат. Често недостатокот од простор условува непостоење на можност да се инсталираат осум волтметри, па затоа овој уред би бил одлична замена за нив. Потребата од следење на напонот на повеќе точки одеднаш најмногу е изразена во индустријата каде за потребата на даден процес истовремено се следат неколку параметри кои се менуваат бавно. Така, најчесто се следи температурата во неколку точки истовремено, но промената на температурата не е брза, што значи дека од едно до друго прикажување на напонот на даден канал нема поголема промена. За да се следи температурата со помош на овој уред е потребен и соодветен претворувач на влезните големини од температурните сензори во напон кој одговара како влез за овој уред. Исто така, може да се направат и соодветни претворувачи кои влезната информација за притисокот во некоја точка ќе ја претворат во напон соодветен на влезовите од овој уред. Така, со помош на дополнителни претворувачи може на еден дисплеј да се прикажат повеќе разновидни големини.
Покрај предностите, ова решение има и свои недостатоци. Прво, напонот на сите влезови се прикажува на еден трицифрен дисплеј, што значи дека во еден момент може да се следи само еден влезен канал, што сепак не е проблем во случај на мерење на бавно променливи величини. Друг недостаток е што сите влезни напони треба да се референцираат кон една маса. Но, и ова често не е проблем бидејќи во повеќето системи масата е една - заедничка.
Поради обемноста на деталното опишување на оваа апликација овој текст е наменет првенствено за напредните електроничари, кои имаат основни познавања од дигиталната техника и микроконтролерите. Ова значи дека во понатамошниот дел од текстот нема да се задржувам на опис на секоја употребена компонента во детали, туку уредот ќе биде претставен генерално.
За разлика од денес кога е потребен мал број на компоненти кои се управувани од еден микроконтролер опремен со сите перферии потребни за ваква апликација, пред десетина години била потребна комплицирана електроника за да се изведе нешто слично.
Иако во оваа апликација е употребен микроконтролер, нема потреба од никаков страв дека уредот тешко се изработува. Ако ги следите препораките за изработка на уредот кои се во овој текст, нема да има никакви проблеми при негова изработка.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.