Базата на податоци Interbase 6.0 меѓу програмерите е добро позната по својата стабилност и малата потреба од компјутерски ресурси, а во изминативе неколку години, преминувајќи во слободен софтвер (OpenSource), и по својата достапност. Програмскиот јазик C++, пак, прерасна во еден од најчесто користените јазици, барем кога станува збор за правење на посериозните компјутерски апликации. Па, да видиме како се сложуваат меѓусебно.