Емитер 11/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во овој текст е прикажана изработката на пропански горилник со голема моќност. Горилниците со оваа моќност кои се наоѓаат во продавниците се изведени како горилници со кратка "глава" кои за разлика од овој горилник имаат помалку концентриран пламен и се далеку поскапи. Горилникот работи по принцип на Бунзенов горилник. Горивниот гас истекува низ тесна млазница и преку отворите на цевката за мешање повлекува воздух. Со ова се формира горивна смеса која се забавува во "главата" на горилникот и гори надвор од неа. Со нагодување на отворите за воздух се нагодува најоптималната смеса горивен гас/воздух и со тоа се постигнува најоптимално согорување на гасот.
Горилникот се приклучува на стандардна 12kg плинска боца преку стандарден регулатор на притисок. При пуштање во работа, прво, со стегата се затвораат отворите за воздух. Потоа се пушта гас со вентилот. Се добива голем жолт пламен. Полека со стегата се отвораат дупките за воздух. Сега пламенот наеднаш уште повеќе ќе се зголеми, но за кратко време, од главата се формира светлосино јадро на пламенот и таканаречен огнен плашт. Најголема ефикасност при загревањето се постигнува кога предметот кој се загрева се поставува на крајот од огнениот плашт. Огнениот плашт има сиво-портокалова боја и тука температурата на пламенот е највисока.
Напомени
Иако смесата пропан-бутан е доста стабилна, работењето со горивни гасови носи одредени ризици. За работа со овој горилник корисникот веќе треба да има некое искуство со помали горилници. Најголемиот број несреќи при работа со горивни гасови настануваат поради недоволно придржување до основните работи наведени во прирачниците за хигиенско-техничка заштита и од паника. Во доводното црево постои само горивен гас. Гасот не може да гори без кислород. Затоа, што било непредвидено да се случи само треба да се затвори вентилот на горилникот, па потоа оној на самата боца. Инаку, овој горилник е многу побезбеден од стандардната бензинска ламба (лет ламба).
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 11/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.