Рубрика: Металство и машинство
Апкан - направа за виткање на лим (1)
Автор: Кирил Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Најслабата страна на секој аматерски изработен електронски уред секако дека е кутијата во која тој е сместен. Квалитетните кутии се скапи и честопати цената на кутијата е поголема од цената на употребените електронски елементи. Во овие случаи, конструкторот се решава на најразлични замени. Најчесто тоа се кутии за сапун за помалите склопови и кутии од крем за оние малку поголемите. Овој текст се однесува на изработка на направа за виткање на лим (популарно наречена апкан) со која ќе може да изработувате метални кутии по ваша мера.

Дури и квалитетните алуминиумски и пластични кутии кои може да се најдат по продавниците за електронски елементи не секогаш одговараат на вашиот склоп. Ова е така од едноставна причина бидејќи тоа се “универзални” тутии. Па така, честопати може да се сретне добро изработен уред сместен во фабричка кутија со димензии многу поголеми од потребните. Најдобро би било кога кутијата би била ’скроена’ според димензиите на електронскиот склоп. Наједноставна справа за виткање на лим може да се изработи од едно парче винкла. Лимот што се свиткува се вклештува помеѓу двете винкли. Потоа со некој предмет со рамен раб треба да се потисне лимот и да се свитка околу едната од винклите. Добиениот раб не е со идеален облик и затоа е потребно дополнително да се обработи со чекан. Со ова помагало може да се изработуваат кутии од алуминиумски лим со дебелина од 1 mm со задоволувачки квалитет. Малку повештите ќе можат да свиткуваат и алуминиумски лим со дебелина од 1,5 mm.

Најбитната работа при работењето со оваа направа е правилното користење на предметот кој го користиме како потиснувач. Најдобро би било кога овој потиснувач би бил составен – неодвоив дел од направата за виткање на лим. Тоа ја компликува изработката на направата, но затоа пак резултатите се далеку подобри.

Главни елементи и материјали:

Винкла 50x50x5mm; Лим со дебелина 15mm; Лим со дебелина 6mm

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.