Електроника

Златен стандард во изработката на ППК е печатењето со фотопостапка. Оставете ги зад себе постапките со "тонер трансфер", цртањето со водоотпорен фломастер или нанесувањето на lithoprint или letterset. Убавината и дизајнот на фотопечатењето даваат прекрасно чувство на прецизност и професионалност, што може да се почувствува само кога в раце се има готов производ.


Автомобилска техника

Започнуваме со серијалот наречен "Поправка и одржување на автомобилите" кој е планирано да има 15 продолженија. Првиов напис е воведен и во него ќе се осврнам на условите кои се неопходни за да се изврши поправка или рутинска контрола на автомобилот и ќе прокоментирам кои се неопходните познавања за автомобилот што треба да ги поседува секој оној кој сам би сакал да се нафати да го одржува своето возило.


Астрономија и астронаутика

Еве дојде уште едно лето и веќе сите планираме како и каде да ги поминеме годишните одмори. Плажа, море, сонце, планина..... некој активно, некој мрзеливо лежејќи, полнејќи ги истрошените батерии. Доколку искуството на бестежинската состојба или пат низ вселената е она со што би сакале да се пофалите пред вашите пријатели, тогаш токму тука ќе ги најдете информациите кои ви се потребни за преземање на оваа крајна екстремна авантура.


Електроника

Во ЕМИТЕР 10/05 беше објавен проект на едноставен 150W-ен засилувач кој успешно ја извршуваше основната функција, додека во овој проект е детално опишан и разработен поквалитетен и пософистициран Hi-Fi аудиозасилувач со одлични карактеристики.


Физика

Дали конечно науката е подготвена да се соочи со мистеријата: то било пред настанокот на универзумот и што била причина за експлозијата наречена Биг Бенг, од којашто се "родил" универзумот? Три најнови радикални теории го ревидираат она, што ние сме мислиле дека сме го знаеле за историјата на универзумот.


Аудио и видеотехника

Веројатно имате тјунер или рисивер во вашиот хи-фи систем во дневната соба, па во секое време можете да си слушате радио... освен во времето кога вашата сопруга во истата соба гледа на ТВ бескрајни шпански серии. Значи, нема никакви шанси да си слушате радио, па ќе треба да се преселите во друга соба.


Историја и археологија

Група океанографи пронајдоа остатоци од град на длабочина од 36 метри под водата во заливот Гудџарат на западниот брег на Индија. Староста на градот е проценета на 9 000 години.


Фототехника

Можете да потрошите цело богатство на книги или списанија за фотографија, тие се преполни со извонредни колор фотографии, со детали како да се намести светлото или каква треба да биде композицијата на сликата. Но, сé додека не ги апсолвирате основните постулати на фотографијата, вие ќе "тапкате" во место.


Аеронаутика

Поради своето влијание на авиоиндустријата во триесеттите години на минатиот век и во Втората светска војна, ДЦ - 3 се смета како еден од најзначајните, патнички и товарни авиони. Многумина сметаат дека ДЦ 3 е "Шаблон" по кој се правени сите последователни патнички авиони.


Металство и машинство

Најслабата страна на секој аматерски изработен електронски уред секако дека е кутијата во која тој е сместен. Квалитетните кутии се скапи и честопати цената на кутијата е поголема од цената на употребените електронски елементи. Во овие случаи, конструкторот се решава на најразлични замени. Најчесто тоа се кутии за сапун за помалите склопови и кутии од крем за оние малку поголемите.


Информатика

Не е доволно само да се познаваат опциите од менито на БИОС-от и да се знае да се нагоди некоја од нив. Суштинското познавање на БИОС-от значи суштинско познавање на самата матична плоча, нејзината функционалност и можности. Тогаш и најреално ќе може да се согледа дали истата одговара на вашите желби и потреби или, пак, е потребно нешто да се менува. Или надгради!


Информатика

Верувам дека на секого му се случило поради невнимание или грешка да избрише некоја датотека. Некогаш, мене често ми се случувало, сакајќи да го "исчистам" компјутерот од непотребни датотеки или, пак, едноставно од датотеки за кои сметам дека неколку пати се запишани на хард дискот, се случувало да избришам нешто за што подоцна ќе утврдам дека и тоа како сум погрешил.


На граница на науката

Директна комуникација со вонземјани е желба не само на астрономите, туку и на сите луѓе. Дали некогаш се случила ваква комуникација? Некои уфолози тврдат дека во 1971 година во Франција се случил токму ваков епохален настан.


Медицина

Една од сé почестите појави на модерното доба е и прекинот на нерви кој се манифестира во повеќе фази - од ситно пецкање сé до одземање на екстремитетите. Уште од поодамна е познато дека нервите имаат способност за зацелување, но во практиката особен напредок на ова поле е постигнат дури неодамна со примена на стем-клетките.


Електроника

Диференцијалните засилувачи играат значителна улога во серијата засилувачи според своите специфичности кога се работи за засилување на мерни или аудио/видеосигнали со мали вредности од редот на миливолти. Нивната главна карактеристика е да ги елиминираат несаканите пречки со форма на асиметрични сигнали, кои можат да ги направат корисните (симетрични) сигнали неупотребливи.


Аудио и видеотехника

Еве нé уште еднаш исправени пред предизвикот да го тестираме новиот МП3 плеер на Сони. Го натеравме да оди до границите на неговата издржливост, ги проверивме неговите функции и опции. Она што го откривме е дека овој мал уред крие прекрасен и можен глас, чистина на звукот изненадувачка за ваков вид уреди и видеоквалитет со кристално јасен израз. Сепак, отсуството на некои од можностите кои ги поседуваат плеерите дури и од пониската класа е нешто на што треба да поработат.


Електроника

Со години наназад, низ цела Европа се нудат магнетни (или електромагнетни) уреди за омекнување на водата. И покрај големиот број студии на оваа тема, досега никој не успеал со сигурност да ја потврди нивната ефикасност. Мислењата се спротивставени. Некои се презадоволни, други, пак, се жалат дека парите им отишле во ветер.


Телекомуникации

Уште ни DVB-H не се позиционира добро на пазарот, а ДВБ форумот веќе уште од минатата година (2007) извади нова спецификација којашто го дефинира преносниот систем за хибридно сателитско и терестријално дигитално телевизиско емитување до рачните мобилни уреди.


Автомобилска техника

Паралелно со постојаното растење на цената на горивата и секојдневното следење на состојбата со цената на суровата нафта на берзата, од сите страни се пласираат совети кои се однесуваат на намалување на потрошувачката на гориво. Но, најважно е советите да се сфатат во насока на рационализација на потрошувачката на гориво, без нанесување штета на моторот или возилото во целина.


Аудио и видеотехника

Имате потреба да снимате најспектакуларни природни временски појави, да направите амбициозен спот, да снимате филм или шоу, сакате да работите во студио или со репортажна кола, а притоа добиениот производ да биде со висок квалитет, од посебна важност е употребената технологија! Во овој напис станува збор за новата PMW-EX3 Camera/Camcorder на Sony, наследничка на PMW-EX1 Camcorder за кој имаше напис во мартовскиот број на ЕМИТЕР.


Информатика

Печатачите чија намена е печатење на фотографии со "голем" формат стануваат сé повеќе барани од страна на напредни аматери и професионални фотографи. Имено, модерните дигитални фотоапарати снимаат фотографии со висока резолуција, па нормално е да се бара квалитетен печатач кој ќе испечати фотографијата од голем формат, а при тоа отпечатокот да биде со висок квалитет.


Фототехника

Продолжува "Фотоемитер", нашата рубрика каде што читателите ги презентираат своите фотографии и при тоа освојуваат вредни награди, но истовремено преку коментарите и советите од нашиот фотоселектор имаат и можност да ги подобрат своите фотографски вештини. Во овој број за најдобри се прогласени фотографиите на Атанас Бајлозов, Александар Георгиев и Беким Мустафа, но уште неколку други влегуваат во изборот за годишната изложба и признанија.


Телекомуникации

Вистинско задоволство е да се има в рака лесен 95-грамски телефон со дебелина од 14mm, со совршен дизајн и портокалова метализирана заднина... Вградената камера со резолуција од 2 мегапиксели е од фамилијата Cybershoot, со вграден автофокус и дополнително осветлување. Телефон со четирибанден GSM комуникатор, кој со притисок на едно копче се претвора во портабл можна музичка машина.


Астрономија и астронаутика

Наводното поминување на планетата Нибиру сите ги остави вџашени, плашејќи се за нивната иднина. Бидете сигурни дека доколку тоа навистина требаше да се случи во 2012 година, не требаше никој да ви кажува дека нешто лошо ќе се случи со нашата планета, вие самите ќе ги почувствувавте промените.


Информатика

На овогодинешниот COMPUTEX 2008 (Тајпеј, 03 – 07.06.2008) Интел го претстави првиот примерок на NEHALEM процесорот. Нема да претераме ако кажеме дека новиот чекор во Интел-овата "tick-tock" производна стратегија означува нова ера, со оглед дека новата архитектура претставува целосен пресврт и целосно отстапување од сето она на кое сме навикнале кога се во прашање Интел-овите процесори.


Астрономија и астронаутика

Една од главните причини кои довеле до реформа на јулијанскиот календар било славењето на верскиот празник Велигден. Верскиот празник Велигден е еден од најголемите христијански празници и при тоа се празнува воскреснувањето Христово. Денеска во сите христијански земји се празнува како празник, со тоа {то одредени држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Русија, Украина,Ерусалем, Света Гора) го слават по стариот јулијански календар, додека останатите по новиот грегоријански календар.


Информатика

Дојдовме и до крајот на овој мини-серијал во кој читателите ги запознавме со основите на креирањето веб-апликации со користење на PHP и MySQL. Како што најавив и во претходниот број, во овој напис ќе го сумираме знаењето и ќе ја изработиме книгата на посетители, која ви ја ветив уште при започнувањето на серијалот.


Автомобилска техника

Врз основа на одлуките на шеесетината членови на меѓународното жири за доделување на годинешните награди во вкупно 12 категории за Интернационален мотор на годината, меѓу другото, може да се види дека најуспешен производител е BMW, а најуспешни мотори се оние кои користат турбо-полнач, без разлика дали погонското гориво е бензин или дизел.


Енергетика

Имајќи го предвид фактот дека дури 70% од вкупната површина на Земјината топка е покриена со вода, може само да се замисли потенцијалот кој се крие во неа. Принципот на создавање на електрична енергија од водата, како и циркулирањето на водата во природата, ја прават неисцрпен извор. Еден од столбовите на кои се потпира енергетската иднина на нашата планета, е дефинитивно водата.


Фототехника

Ултракомпактната "и" серија дигитални фотоапарати на Самсунг е проширена со два нови модела – i80 и i100. Нови не се само ознаките – стилскиот дизајн е надополнет со опции кои даваат мултимедијална нота и кои доживувањето го креваат на едно ново, поинакво ниво.


Медицина

Ова најново откритие во медицината беше една од "топ-темите" во 2007 год. на ранг-листите на повеќе научни списанија. Витаминот Д, поинаку наречен сончев витамин бидејќи сончевата светлина го поттикнува телото да го продуцира, досега се сметаше како важен фактор за спречување само на болеста рахитис (омекнување на коските) кај децата. Во тој контекст и денес постои пракса млекото за деца да се збогатува со додаток на витаминот Д.


Аудио и видеотехника

A-S2000 е стереоинтегрален засилувач со кој Jamaha уште еднаш потсетува на својата богата Hi – Fi историја. Друштво му прави Super Audio CD репродукторот CD -S2000 за љубителите на Yamaha и сладокусците на стереозвукот во целост да имаат добра причина да ја побараат и испробаат оваа комбинација.


Електротехника

Производите на Makita кои се познати под брендот Maktec, не претставуваат само обични производи како и многу други од рангот на алатки за домашна употреба. Maktec алатите се наметнуваат како одличен избор за квалитетен производ кој не се етикетира како алат со високи цени. Производите Maktec се произведени во погоните на Makita според строгите стандарди кои ги спроведува оваа компанија, со најновите и најмодерните технологии.


Информатика

Тајванската компанија ECS (Elitegroup Computer Systems) е една од првите производители на матични плочи во оваа земја. Не толку позната кај нас, оваа компанија на пазарот нуди квалитетни матични плочи наменети за АМД и Интел процесори. Матичната плоча ECS A780GM-A Black Series е наменета за АМД платформа и според своите перформанси очигледно припа|а на самиот врв.


Информатика

Инсталирање на LAN (Local Area Network) во помалите фирми е ве}е нормална појава, а во секој случај сé почесто и домашните корисници се одлучуват на ваква варијанта. Зошто стариот сé уште употреблив компјутер да собира прашина, а вие да чекате некој друг член од семејството да го ослободи компјутерот а со тоа и да ви овозможи пристап кон интернет, кога сето ова едноставно може да се реши.


Информатика

Во програмата Excel може да сретнете многу дополнителни алатки кои се инсталираат засебно. Една од нив е алатката Solver, наречена уште и што-Ако алатка за анализа. Со помош на оваа алатка ќе може да најдете некое оптимално решение за одредена функција.


Електроника

За да ви го олесниме аплаудирањето, во наредниот текст ќе ви преставиме електронско коло-генератор на шум, кој лесно можете да го изработите со компоненти кои лесно можете да ги најдете на нашиот домашен пазар.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате во следните месеци на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Овие месеци ќе поминат во знакот на делумното затемнување на Месечината, метеорскиот рој Персеиди и Јупитер.


Еурека

Sponge Comprexpander е програм за симултана компресија и експанзија на податоци.


Омнибус

Jamo I200; GeForce 9 за лаптоп; Откриени три нови егзопланети; HP претстави низа нови производи; Со мувла до поеколошки биогорива; Плунката, алтернативна дијагностичка замена за крвта; Loging Elektronics Skopje Road Show 2008; Прва 32 GB флеш меморија изработена во 32-нанометарска технологија; Семинар за сигурност на ел. инсталации и квалитетот на ел.


Писма
Браво за брошурата "Микроконтролери 1"
Школа за фотографија
Автоматско исклучување на PC периферни уреди
Паралелна врска на контакти од релеј