Емитер 7-8/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Можете да потрошите цело богатство на книги или списанија за фотографија, тие се преполни со извонредни колор фотографии, со детали како да се намести светлото или каква треба да биде композицијата на сликата. Но, сé додека не ги апсолвирате основните постулати на фотографијата, вие ќе "тапкате" во место.
Дигиталната фотографија и дигиталните фотоапати ја прават ситуацијата уште полоша. Тие, со својата едноставност во ракувањето, ве тераат да не размислувате околу теоријата за создавањето на фотографијата и со тоа просто ве оддалечуваат од неа оневозможувајќи ви да создадете нешто повеќе од просечно. Не навлегувајќи во техниката на запишување на фотографијата во соодветниот медиум, аналоген (филмот) или дигитален (CCD-то), односот меѓу отворот на блендата, експозицијата и чувствителноста на медиумот се основниот камен-темелник на секоја фотографија. Сите понови апарати имаат автоматика за нагодување на овие параметри кои ги викаме параметри на осветлувањето, но истата дава просечни резултати во просечни ситуации.
Кому треба просечност? Три за грош! Односно, за стотина евра добивате извонредна просечност - фотографски апарат со врвна автоматика, но фотоапаратите не прават слики, луѓето го чинат тоа! Само оние 5 или 10% ситуации каде е потребна интелигентна интервенција можат да се сметаат како поле на креативно дејствување на фотографот.
Во ова прво продолжение од нашата школа за фотографија учиме за важноста на експозицијата, отворот на блендата и чувствителноста на медиумот,
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.