Рубрика: Медицина
Витаминот Д штити од карцином
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-8/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Ова најново откритие во медицината беше една од "топ-темите" во 2007 год. на ранг-листите на повеќе научни списанија. Витаминот Д, поинаку наречен сончев витамин бидејќи сончевата светлина го поттикнува телото да го продуцира, досега се сметаше како важен фактор за спречување само на болеста рахитис (омекнување на коските) кај децата. Во тој контекст и денес постои пракса млекото за деца да се збогатува со додаток на витаминот Д. Меѓутоа, функцијата на витаминот Д е далеку поширока за вкупното здравје на организмот. Имено, во денешно време, недостиг на истиот се поврзува со појава на мноштво други заболувања, вклучувајќи и карцином (рак) на дебело црево, на простата и дојка, потоа мултиплекс склероза, шизофренија, туберкулоза, фрактура на бедро и разни други хронични страдања.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.