Емитер 7-8/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Започнуваме со серијалот наречен "Поправка и одржување на автомобилите" кој е планирано да има 15 продолженија. Првиов напис е воведен и во него ќе се осврнам на условите кои се неопходни за да се изврши поправка или рутинска контрола на автомобилот и ќе прокоментирам кои се неопходните познавања за автомобилот што треба да ги поседува секој оној кој сам би сакал да се нафати да го одржува своето возило. Ќе се осврнам и на тоа и за кого е наменет овој серијал кој, се надевам, дека би бил извонредно корисен и за сите други останати читатели - љубители на техниката, воопшто.
Редот на нештата налага прво да се запознаеме со серијалот, со тоа што во него ќе биде презентирано и како е организиран. Петнаесетте негови продолженија се организирани во два дела.
Првиот дел, кој планираме да има 8 продолженија, ќе биде посветен на моторот. На пример, се задава еден карактеристичен дефект (на пр., моторот не стартува), се разгледуваат и класифицираат симптомите кој ги прикажува дефектниот мотор, потоа , врз база на симптомите се преминува кон прикажување на отстранувањето на дефектот и тоа на тој начин што за различните симптоми се донесува соодветната дијагноза. Потоа, посебно ќе се осврнам на што с# треба да се внимава при поправката, па доколку се потребни некои нагодувања, како тоа се прави. На крајот ќе бидат прикажани кои критериуми (услови) треба да се задоволени за да се донесе заклучок за тоа дали успешно е извршена поправката или не. На крајот ќе дадам краток коментар на сето она што е опишано во соодветниот напис проследено со некои конкретни препораки. Секако, ова е оквирен план за тоа како секоја тема ќе биде организирана и може да има отстапувања кај некои теми.
Вториот дел, кој планираме да има 7 продолженија, ќе биде посветен на проблемите околу одржувањето на разни системи од возилото, кои се подеднакво важни како и моторот, а во однос на безбедноста во сообраќајот го заземаат првото место што се однесува до активната безбедност. Тука спаѓаат системите за сопирање, управување, како и долниот построј на возилото (или системот за негово потпирање). Ќе се осврнам и на други системи како што се: каросеријата, електричната инсталација, системот за ладење.....
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.