Емитер 5/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Честопати се прашуваме што сè треба да се контролира на нашето возило и на колку време или изминати километри да се замени одреден дел или погонска течност (масло, антифриз, течност за кочници…). На ова прашање универзален одговор нема, а проблемите особено се изразени кај постарите возила. Грубо речено, одговорот лежи во квалитетот на деловите и погонските течности што ги користиме, намената за која се користи возилото (комерцијално, доставно или за лична употреба), начинот на возење (нормално или спортско) и начинот на одржување на возилото (превентивно одржување, т.е. редовен сервис или ќе одиме на сервис откога ќе се расипе возилото). Сепак, ќе се обидам во кратки црти и ориентационо да понудам едно размислување по ова прашање – нешто што секогаш треба да го имате на ум.
Доколку одржувањето на нашето возило го довериме на овластен сервис, тогаш нема потреба да водиме сопствена евиденција што е заменето, кога е заменето и кога треба да е следната замена на одреден дел или погонска течност. Во овластените сервиси редовното одржување на возилото е на база на изминати километри, т.е. превентивно, така што наша обврска е само на одреден број на изминати километри или временски период пропишан од производителот на возилото да го посетиме сервисот и таму сè ќе биде прегледано, и по потреба заменето. Евентуалните наши сугестии ќе бидат земени предвид, меѓутоа што ќе се провери и ќе се замени зависи исклучиво од бројот на изминати километри, а ние за возврат добиваме гаранција дека возилото беспрекорно ќе функционира сè додека го преферираме таквиот начин на одржување (исклучок е општата дотраеност на возилото и евентуални ретки дефекти од типот на можни кршења на одредени делови поради замор на материјалот или преоптоварување и наше нередовно контролирање на погонските течности). Се разбира дека ова важи за возило кое нормално (домаќински) се користи.
Ако одржувањето го довериме на "обичен" сервис, тогаш и ние, како корисници на возилото, индиректно сме инволвирани во неговото одржување. За што се работи? Најнапред, потребно е да водиме евиденција кога (број на изминати километри и датум) била извршена замена или преглед на одреден дел или погонска течност и, втората работа е, доколку се жалиме на одреден дефект, тропање во моторот тоа кратко и јасно да го опишеме на мајсторот. Со тоа му даваме јасна насока каде да го бара дефектот и/или да го потврди своето сомневање (дијагноза). Доколку, пак, се работи за обичен сервис (замена на определена погонска течност и сл.) тоа да се изврши во предвидениот термин: не предвреме (со што би го заштитиле домашниот буџет), а никако подоцна (со што ризикуваме појава на потежок дефект или придонесуваме нашето возило да не е безбедно за сообраќај).
Доколку, пак, самите се грижиме за исправноста на своето возило, тогаш податоците и кратките објаснувања кој ќе ги најдете во текстов ќе ви бидат од голема полза како ориентир за исправно и редовно (навремено) одржување на возилото. Ќе ги набројам и кратко ќе ги прокоментирам само основните зафати со кои најчесто се среќаваме при редовното рутинско одржување на возилото.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.