Електроника

Во овој проект е опишан и е комплетно изработен мал стерео ФМ-предавател во кој како главна компонента учествува интегрираното коло BA1404 специјално дизајнирано за оваа намена. Овој мал предавател емитира висококвалитетен стереосигнал во УКБ-подрачјето од 88 до 108 MHz.


Фототехника

Во првото продолжение на оваа школа за фотографија (Емитер 7-8/2008) ги дефиниравме параметрите на осветлувањето како основен технички чинител кој треба да го совладаме пред воопшто да почнеме да се занимаваме со фотографија. Во ова продолжение ќе ги обработиме овие параметри од еден друг аспект: нивното влијание врз креативната фотографија.


Физика

Има повеќе од половина век откако теоретичарите претскажале постоење електромагнетски квантни флуктуации во вакуумот, кои ја продицираат т.н. Казимирова сила, безначајна за човекот, но многу важна на наноскопско ниво. Во најново време физичарите успеале да продуцираат нејзин инверзен ефект, што отвора нови индустриски можности за наномеханизмите, но и нова насока за одгатнување на причината за фамозната акцелерациска експанзија на вселената.


Автомобилска техника

Честопати се прашуваме што сè треба да се контролира на нашето возило и на колку време или изминати километри да се замени одреден дел или погонска течност (масло, антифриз, течност за кочници…). На ова прашање универзален одговор нема, а проблемите особено се изразени кај постарите возила.


Аеронаутика

Меѓу љубителите на авијацијата често се водат дискусии кој авион е најдобар. Некои тврдат дека најдобриот авион е оној изграден во најголем број. Овој пристап е лош, бидејќи постојат различни авиони кои се успешни за својата намена, но за таа намена не се потребни голем број на авиони, додека други авиони се изградени во голем број, бидејќи во даденото време се јавила потреба за авиони со таква намена, а немало време за конструкција за нов подобар авион со таква намена.


Омнибус

Иако во јавноста постои перцепција дека нанопроизводите се нешто што ç припаѓа на далечната иднина и научно-фантастичните филмови, факт е дека оваа технологија се применува уште од пред шеесетина години. Според некои американски научници и футуролози, со посредство на нанотехнологијата за 50 години ќе станеме бесмртни. Нанороботи кои поседуваат вештачка интелигенција, имплементирани во човечкиот организам, ќе го спречат речиси секој генетски недостаток или штетно влијание од околината!


Астрономија и астронаутика

Црните дупки досега ги знаевме по нивната разорна сила, но таа нивна сила може да има и креативна улога. Најновите откритија сугерираат дека црните дупки имале значајна улога при моделирање на раниот универзум.


Електроника

STA575 е стерео излезен аудиозасилувач во интегрирана техника изработен во BASH технологија сопственост на фирмата Индиго (Indigo), коминтент на СТ Микроелектроникс (ST Mictroelectronics). Тој се одликува со неспорните предности кои ги дава оваа технологија: квалитетот на аудиокласата AB и ефикасноста на D-класата.


Историја и археологија

Руските археолози во 1970 г. пронашле античка цивилизација во Туркменистан и ја "заборавиле" цели 30 години.


Електроника

Во минатиот број се запознавте општо со автоматизацијата на домот, системските компоненти, како и со еден од најстарите стандарди од оваа област KNX. Во овој број продолжуваме со KNX стандардот (конфигурирање и структура), како и со другите стандарди од оваа област (X10, DigitalSTROM, Z-Wave и ZigBee).


Електроника

Во ова продолжение го завршуваме прегледот на асинхроните и синхроните бројачи – ќе бидат разгледани синхроните бројачи со мудули 3, 5 и 10, потоа асинхроните бројачи за броење наназад и во двете насоки (со модул 8), а на крај ќе биде разгледан и бинарно кодираниот децимален (BCD) бројач.


Астрономија и астронаутика

НАСА во својата историја може да се пофали со многу успешни мисии, потоа мисии кои успеале делумно, а постојат и такви кои буквално се претвориле во "прав и пепел". Но, за среќа, има и едни кои не само што успеале туку на општо изненадување дури и на нивните конструктори, неколкукратно ја натфрлиле поставената цел и сä уште му служат на човештвото.


Информатика

На маркетот на софтверски канцелариски пакети, Microsoft Office веќе долго време претставува стандард, но и репер за квалитет на сите слични конкурентски производи. Повеќе од јасно е дека доминацијата на Microsoft Office е премногу голема, па сите компании кои се обидуваат да го пронајдат своето место на овој пазар, се свесни дека веројатно однапред водат изгубена битка. Но, очигледно е дека челниците на гигантот во софтверската графичка индустрија Corel не мислат така.


Историја и археологија

Дали базенот шива во Индија е огромен кратер настанат од удар на астероид пред 65 милиони год., време кога исчезнале диносаурусите? Ако е така, тогаш временското совпаѓање со ударот на астероид во Мексиканскиот Залив, упатува на ново сценарио за поморот на диносаурусите: повеќе удари на фрагменти од некој парчосан астероид, паднати на различни локации на Земјата!


Еурека

Во основата на функционирањето на кората на мозокот се механизмите на: проекции на интерреакциските односи, интелектуални анализи и процени, ординирање на психомоторни реакции, запамтување и потиснување во сферите на потсвеста. Доживеаните интереакциски односи се запамтуваат во форми на перцептивна и интелектуална сознајност. Интелектуална сознајност се формира во рационална и ирационална.


Електроника

Предложеното решение за заштита ги заштитува приклучените потрошувачи со комплетно исклучување на нивното напојување. Порастот на струја, било да е тоа низ позитивниот или низ негативниот дел на напојувањето, доведува до целосно исклучување на напонот од напојувањето на приклучените уреди: лабораториски извори на напон со симетрично напојување, полначи на батерии, нискофреквентни засилувачи, стабилизирани или нестабилизирани извори на напон и тн.


Аудио и видеотехника

Секоја година во Лас Вегас се одржува изложба за професионална видео и аудиоопрема во организација на NAB, каде што премиерно се претставуваат стотици нови производи. Изложбата има за цел на најдобар можен начин да ги поврзе производителите и корисниците. Притоа, на изложбата се доделуваат и награди. Прочитајте го текстот што следува за да дознаете што имаше ново и кој освои награда.


Аудио и видеотехника

AJA Ki Pro е tapeless видеорикордер кој снима фајлови со висок професионален квалитет и е близок по својата работа со работа на компјутер. Притоа не треба да внимавате на типот на камерата, форматот или резолуцијата. На излез добивате фалови подготвени за монтажа, без да вршите дополнително дигитализирање на сигналите и тоа директно од камерата.


Аудио и видеотехника

На крајот на март оваа година LG Electronics, го претстави првиот Full LED 3D телевизор во светот – LG LX9500. Како прв Full LED 3D телевизор во светот, LX9500 ја користи иновативната технологија на структурите на заднинското осветлување кое овозможува спектакуларен квалитет на сликата за врвно 3D доживување.


Информатика

Брендот кој на пазарот опстојува повеќе од 15 години повторно е меѓу нас, овој пат во 32 nm издание. Предвиден е како директен наследник на Пентиум Е5000 и Е6000 сериите, со кои нема ништо заедничко освен името.


Информатика

Најновиот модел на AMD треба да ја пополни празнината помеѓу моделите HD 5850 и HD 5770, како ценовно, така и во поглед на перформансите. Но, и на добар пат е да стане потенцијален бестселер!


Информатика

Линукс оперативниот систем претставува целина која во себе содржи различен софтвер од отворен карактер. Овој микс на софтвер и апликации кои ние го викаме Линукс, всушност, претставува дистрибуција на софтвер од ГНУ проектот врзан на Линукс јадрото, т.е. кернелот. Од почетокот на создавањето на Линукс се појавија многу дистрибуции, некои се присутни и ден денес, а некои се тотално исчезнати. Да се запознаеме со некои од нив....


Информатика

Тоа што радува е големиот избор на видеоформати погодни за веб, од кои повеќето можат да се креираат со повеќе видови кодеци и да се репродуцираат на повеќе плеери.


Информатика

Најновиот процесор на АМД е само скалило погоре во Phenom II гамата. Архитектурално е сосема ист, но разликите со четиријадрените Phenom II, сепак, не се само во дополнителните две јадра.


Информатика

Не е потребно големо предзнаење доколку сакате да споите неколку ваши видеоснимки во една целина, како и да извадите фрагменти од некој од нив. Не е потребен ниту професионален софтвер за таа цел!


Електроника

Ако сте принудени да оставите на страна некој ваш предмет кој треба да биде заштитен од "туѓи раце", истиот можете да го заштитите со едноставен склоп кој овде ви го предлагаме: батериски генератор за висок напон од 200 до 400V, со ниска енергија, апсолутно безопасен за човекот, но, сепак, способен да зададе непријатен "бодеж" на оној, кој ќе го допре.


Омнибус

Сонцето во ултравиолетово;
Sandybridge, сепак, годинава?;
Intel light peak - убиец на USB 3.0?;
За инфекциите;
Прв ласерски печатач со "plug and print" технологија од НР;
Суператоми;
LG ја претставува новата Zero pixel guarantee програма во Македонија;
Супер компјутер за следење на климатските промени;
Втора Балаканска конференција за широко појасен интернет;
Знаевте ли дека......;
QTC - нова технологија за екрани на допир;


Писма
Паралелна врска на повеќе секундари
Програма за дијагностика на дефекти кај современи автомобили
Прашања за електронскиот товар ELD-05