Рубрика: Електроника
STA575 - 2x100W RMS стерео излезен аудиозасилувач
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


STA575 е стерео излезен аудиозасилувач во интегрирана техника изработен во BASH технологија сопственост на фирмата Индиго (Indigo), коминтент на СТ Микроелектроникс (ST Mictroelectronics). Тој се одликува со неспорните предности кои ги дава оваа технологија: квалитетот на аудиокласата AB и ефикасноста на D-класата. Покрај влезниот предзасилувач со нагодувачки степен на компресија и излезниот степен во мостна конфигурација, колото има софистицирана повеќекратна заштита и потсистем кој ги следи параметрите на аудио сигналот.

Иако оваа технологија веќе е претставена на читателите на Емитер веднаш при нејзиното појавување на пазарот (втор квартал на 2008 – Емитер бр. 4/2008), јас уште еднаш тука ќе ги подвлечам нејзините основни карактеристики.
BASH технологијата, сопственост на еден од коминтентите на СТ Микроелектроникс – Индиго (Indigo), претставува потврдена класа на излезни аудиозасилувачи. Таа е симбиоза на квалитетите на AB и D-класите истовремено. BASH технологијата го има истовремено квалитетот на репродукцијата кое го има AB-класата и ефикасноста на D-класата. Тоа значи степен на полезно дејство до 90%, мали изобличувања, голем пропусен опсег и висока верност на репродуцираниот аудиосигнал, одлика на најквалитетните решенија во оваа област.
STA575 е стерео излезен аудиозасилувач во мостна конфигурација базиран на BASH архитектурата со моќност од 2x100W RMS. Тој има активни предзасилувачки степени со голем динамички опсег. Во него се вградени компресори кои ја регулираат повратната врска со надворешни елементи кои може да се нагодуваат, како и прецизни електронски исправувачи – претворувачи во апсолутна вредност на сигналот кои понатаму се користат за управување со работата на BASH конверторот. Тој има софистицирана повеќекратна заштита која се одликува со:
- секвенција за вклучување / исклучување;
- пропорционален прекуструен ограничувач на BASH конверторот;
- заштита на излезните транзистори од прекумерна моќност;
- термичка заштита на излезните транзистори;
- ограничување на максималната излезна струја;
- заштита од прекумерен напон на напојување.

Клучни зборови:

Принцип на работа на BASH класата

Споредба на BASH технологијата со AB и D-класата

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.