Рубрика: Информатика
Word Perfect Office X3
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2010.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


На маркетот на софтверски канцелариски пакети, Microsoft Office веќе долго време претставува стандард, но и репер за квалитет на сите слични конкурентски производи. Повеќе од јасно е дека доминацијата на Microsoft Office е премногу голема, па сите компании кои се обидуваат да го пронајдат своето место на овој пазар, се свесни дека веројатно однапред водат изгубена битка. Но, очигледно е дека челниците на гигантот во софтверската графичка индустрија Corel не мислат така. Не запоставувајќи го сигурното место кое го има како еден од лидерите во областа на графиката, Corel Corporation на пазарот го нуди нивниот канцелариски пакет WordPerfect Office X3.

Corel WordPerfect Office X3 доаѓа во 4 верзии: Profesional, Standard,, Student & Teachers и Home. Во овој напис ќе зборуваме за WordPerfect Office X3 Standard Edition, во кој се вклучени WordPerfect, Quattro Pro, Presentation, Presentation Graphics и WordPerfect Mail. Пакетот оригинално доаѓа на 3 ЦД-а, од кои првото е основно, а на другите две се наоѓаат дополнителни клипови, фотографии, фонтови и видеотуторијали.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.