Емитер 5/2010.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Предложеното решение за заштита ги заштитува приклучените потрошувачи со комплетно исклучување на нивното напојување. Порастот на струја, било да е тоа низ позитивниот или низ негативниот дел на напојувањето, доведува до целосно исклучување на напонот од напојувањето на приклучените уреди: лабораториски извори на напон со симетрично напојување, полначи на батерии, нискофреквентни засилувачи, стабилизирани или нестабилизирани извори на напон и тн. Може да работи и самостојно како струен осигурувач со променлив праг на нагодување или во заедничка целина, како додаток на други извори на напон.
Толку многу видови на заштита, а, сепак, голем број на прегорени напојувања, разни електронски уреди, звучници и НФ-засилувачи. Едно е вистина, најбрз осигурувач се полуспроводниците - транзисторите прегоруваат побргу од најбрзиот осигурувач. Заштитата најчесто се вградува на излезот од електронскиот уред или засилувачот: како прекострујна, како клипинг индикатор заштита, во вид на брз осигурувач, како термичка заштита, како заштита базирана на детекција на еднонасочната компонента во сигналот итн. Поаѓајќи логички од податокот дека енергијата која е "потребна" да се уништи еден електронски уред, стабилизирано напојување, НФ-засилувач или звучник, ја дава напојувањето на уредот, најефикасна заштита би била онаа заштита која би го контролирала изворот на напојување како енергетски извор. Значи, ова би бил малку поинаков вид на заштита, заштита инкорпорирана во напојувањето на електронските уреди или НФ-засилувачот, а не на нивниот излез. Секако, најдобра примена на опишаната заштита би била како брза прекуструјна заштита во еднонасочните извори на напојување, самостојно или како додаток на струјната регулација со континуирана промена во прагот на струјно ограничување.
Напојување: ±20V...±35V;
Струјно ограничување: 0A...6A (може и повеќе со промена на вредности на струјниот сензор R1)
Релеи: 12V/10A
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2010. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.