Емитер 3/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Првенствено наменет за домашно аудио, овој проект практично на секој електроничар му нуди можност за релативно малку пари сам да направи излезен засилувач, кој верувам ќе му пружи големо задоволство. Нема многу да должам, па затоа уште на самиот почеток ќе откријам дека главната причина поради која се одлучивме да го објавиме токму овој проект е неговиот извонреден однос цена/квалитет, што се должи на интегрираното коло TDA2052.
Oвој засилувач може многу лесно да се искористи како составен дел на речиси секоја аудиолинија, било како посебен и независен уред, било како елемент во веќе постоечка инсталација. Поради неговото големото напонско засилување (32dB), предзасилувачот може да биде пасивен, составен само од еден преклопник и еден тандем потенциометар со вредност од 10kΩ/Log. Уште подобро решение е сигналот од потенциометарот прво да се пропушти низ еден засилувач со единечно засилување (т.н. бафер), а дури потоа да се доведе на влезот од излезниот засилувач.
За оние најамбициозните, ова е добра можност за градба на активни звучнички системи, во кои освен излезните засилувачи, ќе треба да вградат и по една електронска свртница за секој канал посебно.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.