Омнибус

Ласерски печатач Epson Aculaser C1000;
Два атероиди се разминале со земјата;
Лек за немирна рака;
Olimpus DS300;
Без компромиси;
Планетарна маглина "песочен часовник";
Откритие на систем од милисекунден пулсар и црвен џин;
Sony SCD - XA333ES;
Карта на земјината гравитација;
Одржете го вашиот ЦД ром во форма;
Програмата ServerSide Suite;
B & W 600S3;
Охридското езеро на листата за посебна заштита;


Аеронаутика

Месершмит Me-262 е техничко-технолошки дијамант во круната на воздухопловната епоха, чиј сјај и слава сурово се проголтани од настаните со кои не можел да го одржи чекорот, а на кои требало непосредно да влијае. Па, сепак, и покрај кусиот век на постоење важи за еден од предвесниците на новото време кое допрва требало да почне.


Астрономија и астронаутика

Загатки на кои науката сè уште нема одговор: Дали вселената започнала од состојба за која не важат научните закони? Постојат ли и други вселени со поинаква конфигурација од нашата? Има ли светови составени од антиматерија? Каква е судбината на вселената, ќе има ли таа свој крај?


Аудио и видеотехника

Аудиофилите кои имаат две вешти раце можат многу да заштедат со самоградба на hi-fi уредите. Или за истите пари со кои би купиле комерцијален ("фабрички") уред можат да направат уред кој ќе дава поквалитетен звук. Изгледот и финишот на направениот уред обично не е кој знае каков, но важно е добро да свири. За оние со навистина вешти раце не постојат никакви ограничувања и тие можат да направат вистински уметнички дела, како што ќе видите понатаму.


Биологија

Најстаро дрво, чии листови ја подобруваат меморијата и концентрацијата, видот, слухот и рамнотежата, а делува и против воспаленија и алергии. Исклучиво добри резултати дава во терапијата на тешката Алцхајмерова болест.


Електроника

Овозможете му на вашето возило со овој едноставан уред краткотрајно да ви го осветли патот во темница. Идејата за овој уред произлезе од ситуации низ кои поминува секој кога ќе се обиде навечер да си го најде патот од својата гаража. Откако ќе се паркира и ќе се изгаснат светлата на возилото, станува тешко да се стигне до излезот, а притоа да не се турне нешто.


Електроника

Интегрираното коло TDA 1054 предвидено е за различни градби во уредите како што се касетофони, диктафони, микрофонски засилувачи и слично. Овде ви претставуваме една едноставна електрична шема на микрофонски предзасилувач која го користи ова коло.


Електроника

Дигиталната контрола на напон секогаш и не е најпогодна за употреба. Но, во случај каде е неопходно дигитално менување на напонот, во дигиталните кола на управување, вредностите на напонот мора да бидат квантизирани. Во вакви случаи можете да го реализирате решението прикажано во овој кус напис.


Електроника

Во овој напис ви претставуваме една згодна и корисна апликација, која може доста да ви користи при конструкција на степенот за напојување на некој склоп. Станува збор за директен напонски умножувач кој во себе не содржи индуктивни елементи.


Информатика

Почитувани читатели, од овој број па во иднина, во зависност од тоа како домашите дистрибутери на компјутерска опрема ќе ни ги доставуват новите модели на скенери од нивниот продажен асортиман, ќе се потрудиме со нашите споредбени тестови да ви помогнеме во решавање на некои ваши дилеми во врска со нивната набавка и употреба.


Историја и археологија

Ставот на лугето во однос на смртта како неминовна работа се менувал во текот на човековото постоење, соодветно на нивото на интелектуалниот развој на самиот човек. Но секако, без разлика дали верувал во живот по смртта, задгробен живот или во целосен крај, тој од најстари времиња обраќал големо внимание на погребувањето како создавање вечен дом на душата или на телото. Па така, во различни времиња кај различни цивилизации, постојат различни ритуали на погребување и различни гробни форми.


Телекомуникации

Не треба да споменуваме дека со појавата на мобилната телефонија кај нас, мобилните телефони станаа опсесија, слична на онаа со автомобилите. Постојано се продава еден модел па се доаѓа до друг, понов, подобар. Сигурно на улица или во друштво ги слушате познатите фрази: "Види што имам...." или "гледај што може..." или "види колку е лесен..." итн. Сето тоа се однесува на мобилните телефони.


Телекомуникации

Во претходниот број на ЕМИТЕР можевте да се запознаете со историјатот на настанувањето на кабелската телевизија и со архитектурата на кабелската мрежа. Во овој број ќе продолжиме со описот на структурата на системот и видовите на усугите што ги нудат модерните кабелски ТВ системи.


Физика

Кога велиме (елементарна) честичка најчесто мислиме на електрон, протон или неутрон. Но микросветот не се состои само од овие 3 честички. Постојат најмалку 100 "елементарни" честички кои се групираат најчесто според тоа дали тие влегуваат во силни реакции или не. лементарните честички го живеат својот живот во т.н. микросвет, свет кој им се потчинува на законите на квантната механика, свет во кој не важат законите на "нашиот" свет, кој пак се потчинува на Њутновата механика.


Фототехника

Уште од самото појавување, пред повеќе од 150 години, фотографијата има големо влијание врз човековиот поглед кон светот, нудејќи форма на визуелна комуникација со која може да се пренесат и разберат голем број информации, независно од јазикот со кој луѓето комуницираат или на која култура им припаѓаат.


Макетарство и моделарство

Во претходниот број на ЕМИТЕР беа наведени дел од алатот и приборот кој треба да го поседуваме пред да се нафатиме со изработка на макетата. Во овој број ќе се задржиме пред сè на практичната примената на алатот и приборот како и со некои техники, правила и совети неопходни за да ги направиме првите чекори во светот на минијатурата. За таа цел го подготвив овој краток преглед на текот на составување на една макета, кој, секако, не мора да биде униформен.


Математика

Од овој број почнуваме со една нова рубрика која што ќе ви овозможи да се разонодувате, да размислувате, да се забавувате, но и да освојувате награди. Имено, во секој број на ЕМИТЕР ќе објавуваме по неколку математичко-логички проблеми, а ваша цел ќе биде да ги решавате.


Географија

Поради извонредните пејзажи и природни убавини во 1948 година, планината Пелистер е прогласена за прв национален парк во поранешна Југославија и Македонија. Подоцна за национални паркови биле прогласени и Маврово и Галичица. Баба Планина со врвот Пелистер (2600 м.н.в.) се наоѓа во југозападниот дел на Р. Македонија и се протега во правец север-југ меѓу Преспанското Езеро и котлината Пелагонија.


Столарство

Елементот е наменет за чување чевли. Со својата функционалност како и модерниот естетски изглед го исполнува празниот простор во секој дом. Идејата да го објавам токму овој модел е неговата максимална искористеност, естетски изглед, квалитететна изработка, а постигната економска цена. Шкафчето нуди голема можност за лесна обработка, со други зборови секој може да го изработи, користејќи едноставни алатки.


Електроника

Првенствено наменет за домашно аудио, овој проект практично на секој електроничар му нуди можност за релативно малку пари сам да направи излезен засилувач, кој верувам ќе му пружи големо задоволство.


Автомобилска техника

Човекот и автомобилот се запознаа пред повеќе од сто години и оттогаш веќе ништо не е како пред тоа. Како резултат на тоа пријателување, автомобилите стануваа поубави, помоќни, попрактични и незаменлив дел од човековото секојдневие. Колку биле едноставни автомобилите пред неколку десетици години! Во најголема мерка тоа и е главната заслуга што старите автомобили биле (се) долговечни. Потоа дојде елекрониката и направи вистински "бум" во автомобилската индустрија. Голем е бројот на современи и технички усовршени системи, склопови и елементи во автомобилите. Многу од нив, од практични причини се означуваат со кратенки. Така, купувајќи автомобил се сретнува цел список на кратенки кои продавачот, нормално, ги користи за да ја опише опременоста и совршеноста на автомобилот. Меѓутоа не секогаш уредот кој се крие зад кратенката е предност и не секогаш автомобилот не може без него. За полесно снаоѓање во денешната автомобилска техника подготвивме преглед на кратенките кои најчесто се употребуваат.


Астрономија и астронаутика

Уште од 1895 година кога астрономот Percival Lowell ја објави книгата "Марс" во која шпекулира за интелегентна форма на живот која има изградени канали за наводнување на површината на Марс, човештвото очекува да најде живот на "Црвената планета". На 30 октомври 1938 година Орсон Велс со својата радиодрама за инвазија на зелените Марсовци врз Земјата (направена според романот на H. G. Wells "The war of the worlds" објавен во 1898 год.) предизвика вистинска паника кај американските жители. Додека порано сме можеле само да погодуваме што има на Марс, со спуштањето на леталото Mars Pathfinder во 1997 година беа извршени директни испитувања на примероци од неговата површина. Во последно време се појавија и неколку проекти за човечка мисија на Марс. Потребната технологија веќе ја имаме, но нѝ недостасуваат финансии и храброст.


Медицина
Очно дно со имплантиран ASR

Истражувањата во областа на микроелектрониката дадоа нова надеж за милиони луѓе со игубен вид. Вградувањето на микрочипови со цел подобрување на видот е веќе во експериментална фаза и се потребни само уште додатни испитувања за тоа да стане секојдневна практика.


Писма
Звучник со добар бас
Звучна кутија за гитара
500 w засилувач