Рубрика: Медицина
Микрочиповите против слепилото
Автор: Борјан Павловски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Очно дно со имплантиран ASR

Истражувањата во областа на микроелектрониката дадоа нова надеж за милиони луѓе со игубен вид. Вградувањето на микрочипови со цел подобрување на видот е веќе во експериментална фаза и се потребни само уште додатни испитувања за тоа да стане секојдневна практика.

Слепило. Поим кој кај многу луѓе предизвикува застрашувачко чувство. Асоциран со состојба која значи губиток на можеби најважното од петте човечки сетила, а со себе носи инвалидитет и неможност за самостоен живот. Сепак милиони луѓе секоја година заболуваат од болести чиј краен исход е слепилото, а с# уште нема ефикасен третман за да се спречи оваа инвалидизирачка појава.

Во овој момент  вљубениците во футуристичкиот серијал “Ѕвездени патеки” ќе се присетат на ликот на поручникот Џорди Ла Форџ, лик кој е роден слеп, а со помош на електронски визир му е овозможен видот и нормален живот. Иако можеби тоа изгледаше како медицински третман на далечната иднина, токму во електронските помагала денес се крие надежта дека на милиони слепи луѓе ќе може да им биде повратен видот, третмани кои се повеќе технолошки, а не биолошки. Во последниве две децении научно-истражувачки тимови работата на развивање на нови технологии кои ќе им овозможат на слепите (или делумно слепите) лица да го повратат својот вид до одреден степен. Сепак овие методи се ограничени на одредени болести кои предизвикуваат слепило, а се поврзани со нарушувања во ретината. За овие методи да бидат успешни нервните патишта мора да бидат здрави и зачувани. 

Очно дно со имплантиран ASR

Во 1989 година истражувачки тимови од харвардскиот институт за технологија од Масачусетс започнале со “Проект за ретинални имплантати”. Цел на проектот било да се развие силиконски чип кој би можел да биде имплантиран во очите на пациенти со Retinitis pigmentosa и Макуларна дегенерација, а со цел да се поврати видот кај пациентите. До 1993 година тие веќе имале изработено дизајн на опремата за имплантирање, која би се состоела од надворешен и внатрешен дел...

Клучни зборови:
Очно дно со имплантиран ASR

Очно дно со имплантиран ASR

Шематски приказ на субретинален имплантат

Шематски приказ на субретинален имплантат

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.