Рубрика: Фототехника
4 мегапиксели за вашите слики
Автор: Наташа Стојковска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Уште од самото појавување, пред повеќе од 150 години, фотографијата има големо влијание врз човековиот поглед кон светот, нудејќи форма на визуелна комуникација со која може да се пренесат и разберат голем број информации, независно од јазикот со кој луѓето комуницираат или на која култура им припаѓаат. Конечно, со континуираниот развој на нови технологии во оваа област, новиот начин на фотографирање и производот, дигиталната фотографија, сè повеќе зазема значајно место во самата историја на фотографијата како медиум и тоа, пред сè, поради големиот број на можности кои дигиталната фотографија ги нуди во денешните околности на развојот на компјутерскиот хардвер и софтвер. Притоа корисникот има можност да изврши фотографирање, веднаш да ја прегледа композицијата на направената фотографија, да ја сними, да ја трансферира како компјутерски графички фајл, да манипулира со неа со помош на најразличен софтвер за таа намена и испечати (за најдобар квалитет најчесто на специјална фото хартија со помош на специјализирани печатачи за таа намена) со што како краен резултат се добива освежувачка, остра, зачудувачки висококвалитетна фотографија.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина