Емитер 6/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Најмалиот заеднички содржател на компактните дигитални фотоапарати и DSLR камерите би можеле да бидат – мегапикселите. Барем кога е во прашање Sony DSC-W170…
Мегапиксели, мегапиксели… никако не ми е јасно зошто мегапикселите им се толку битни на купувачите на дигитални фотоапарати, што во најголемиот број случаи се и фактор број 1? Ја разбирам неупатеноста, тоа не е ништо страшно. Но, наспроти таа неупатеност треба да стојат токму продавачите, кои треба да ја објаснат тематиката на муштериите, барем во основните детали. Ако ништо друго, тоа дека мегапикселите само ја дефинираат големината на фотографијата, нејзините димензии, а дека содржината на тие и такви фотографии зависи од низа други фактори. Големината на објективот и сензорот, пред сè. Да не ги спомнувам леќите… Доколку мегапикселите се (за голем број купувачи) главно мерило, тогаш овој модел на Sony несомнено ќе има одлична продажба. Но, пред да полетаат дрвја и камења кон мене (а и да не испаднам "наџак баба"), да видиме што значат мегапикселите кај Sony DSC-W170.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.