Рубрика: Фототехника
Дводневно тестирање и дружење со новиот безогледален Nikon Z7
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 21.09.2018 - 18:15

Nikon Z7 подготвен за тестирање

Денес, 21.9., од 11 до 18 часот и 30 минути и утре, 22.9. од 11 до 16 часот, PIX+ им овозможува на сите да заинтересирани да го тестираат новиот Nikon Z во нивниот продажен салон.

Никон Z7 e вториот обид на Никон во светот на безогледалните фотоапарати. Камерата ги комбинира предностите на малата тежина на безогледалниот дизајн и новата револуционерана опција за менување на објективи со цела рамка и избор на соодветни објективи. Z7 поседува full frame BSI CMOS сликовен сензор со 45,7 мегапиксели и беспрекорна интеграција со DSLR системот на Никон, којшто ги вклучува и NIKKOR објективите.

Изложениот модел Nikon Z7 доаѓа со објектив 24-70mm f/4, 35mm f/1.8 и FTZ адаптер и секој од присутните ќе може да го проба и да се увери во квалитетите. Потсетување за сите заинтерисирани, продажниот салон на Pix+  се наоѓа во Т.Ц. Беверли Хилс во н. Капиштец.

Клучни зборови:
Nikon Z7 подготвен за тестирање

Nikon Z7 подготвен за тестирање