Емитер 5/2013.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
"Ниту 'идиотите' не се тоа што беа", ќе помислите кога за првпат ќе го земете в раце F770EXR. Мануелни нагодувања, одлична изработка, опција за RAW фотографии – има ли уште нешто што ви треба? Тешко… освен можеби изменлив објектив, но тоа е нешто што во оваа категорија ќе го попричекаме уште извесно време.
"Ниту 'идиотите' повеќе не се тоа што беа!" – ни беше првата мисла кога го отпакувавме F770EXR. И сигурно ништо поразлична од мислата на кој било друг кој досега не се сретнал или барем не прочитал статија за овој компактен дигиталец. Да бидеме искрени – и ние првпат се сретнуваме со него, иако во прашање е лански модел. Според димензиите и дизајнот, не отскокнува од конкуренцијата (инаку исклучително остра и огромна), но според опциите со кои располага, се издвојува во малата група на избрани. Очигледно е дека во FujiFilm вложиле многу труд и ентузијазам за да креираат камера која ќе биде рамо до рамо со острата конкуренција, истовремено издвојувајќи се со некоја специфика.
Директните конкуренти Sony HX20V, Canon SX 260 и Panasonic Lumix TZ30 располагаат со спектар од дигитални филтри кои можат да се применат врз фотографиите. FX770EXR не, па сигурно ќе се запрашате – која му е предноста? Наместо одговор, ние ќе ви поставиме прашање – Колку дигиталци од компактната категорија имаат опција за RAW фотографии? Авторот на текстот не може да се сети на некој таков модел. Тоа не значи дека не постои, но секако е раритет во категоријата. Е па, F770EXR во тој поглед е раритетен модел, да не речеме – осамен. Директните конкуренти (секоја чест на можностите и опциите) во основа се само JPEG апарати, ништо поразлично од другите. Е сега, дополнете ја RAW опцијата со мануелните режими на F770EXR и нагодувањето на речиси секој параметар, и веднаш ќе ја имате комплетната слика за што говориме. Така? Одиме понатаму…
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.