"Ама звуков е пискав и неподнослив, не можам повеќе да го издржам, ја напуштам просторијава, се селам на некое друго помирно место ;-))", ова би го рекол, ако би зборувал, глушец кој би се нашол во полето на дејство на нашиот електронски уред, кој целосно е опишан во овој проект. Едноставно го нареков "Растерувач на глодачи". Зошто така го нареков, ќе ви биде појасно ако го прочитате текстов што следува.