Рубрика: Автомобилска техника
Rinspeed Squba
Автор: Љубиша Трипуноски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Rinspeed sQuba е одлична потврда дека соништата некогаш може да станат реалност. За развојот на ова водонепропусно возило - подморница со кое без проблеми се управува под вода, може да се каже дека е последица на легендарниот автомобил Лотус Есприт, јунакот на филмот "Шпионот кој ме сакаше" од серијалот за Џејмс Бонд.

И самиот Франк Риндернехт, сопственик на фирмата Rinspeed, посочува дека три децении размислувал како е можно да се направи автомобил кој би бил способен да се движи и под вода. Сега, конечно успеал и со тоа уште еден негов, можеби најголем сон, стана стварност.

Инспирацијата потекнува од 1977 година, поточно од филмот "Шпионот кој ме сакаше" од серијалот за британскиот агент Џејмс Бонд и фамозната акциона сцена во која славниот агент со својот автомобил Lotus Esprit нурка под вода и потоа без никакви проблеми излегува на преполната плажа и продолжува со патувањето. Пред триесетина години за реализација на ваквата сцена беа потребни видливи анимации за да се долови ефектот за семожноста на Бонд. Сега дури и феноменалниот Q (идејниот творец на безбројните помагала на Бонд) би му бил многу благодарен на Rinspeed за реализацијата на неговата идеја. Којзнае, можеби појавата на Rinspped sQuba ќе ги поттикне филмските продуценти да размислат за римејк-верзија на филмот "Шпионот кој ме сакаше". Сега, барем подводната сцена со автомобилот би била пореална.

Технички карактеристики:

Каросерија
Дименизии (ДхШхВ): 3785 x 1940 x 1117 mm,
Меѓуоскино растојание: 2300 mm,
тежина на празно возило: 920 kg

Мотори
За на копно:
електромотор со моќност од 54 kW при 4500 врт/мин,
максимален вртежен момент 160 Nm при 1500 врт/мин
За во вода:
два електромотора за погон на задните пропелери со моќ од 800 W и
2 млазни мотори со моќ од по 3,6 kW

Перформанси
Максимална брзина: 120 km/h,
Забрзување 0 – 80 km/h: 7,1 s
Макс. брзина на вода: 6 km/h
Макс. брзина под вода: 3 km/h
Макс. длабочина во вода: 10 m

 
Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.