Емитер 6/2008.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Француското научно-популарно списание Наука и живот (Science & vie) од јануари 2008 година објави сензационален напис со бомбастичен наслов: "Теоријата за сé, конечно откриена"! Ако тоа се потврди, тоа би значело дека е реализиран последниот "сон" на физичарите: да конструираат т.н. конечна теорија, која ги обединува 4-те основни природни сили во една единствена теорија, способна да ги објасни сите структури и појави во универзумот. Но, водечките физичари-теоретичари се воздржани во тој поглед. Сепак, приодот кон решавање на тој проблем е многу интересен, па ќе го проследиме.
Зошто е нужна конечната теорија?
Постоечките бројни физички теории, кои ја објаснуваат природата на светот, се парцијални теории. Имено, тие се однесуваат само на едно подрачје во физиката. Помеѓу нив најважните два столба во современата физила се две теории: првата е Планковата квантна механика, која ја објаснува микроструктурата на природата во светот (елементарните честички), и втората е Ајнштајновата Теорија на релативитетот, која го објаснува светот во неговите макро-димензии (ѕвездите, галаксиите...). Но, иако тие ги објаснуваат структурите и појавите во вселената главно со добра прецизност, тие затајуваат при решавање на најекстремните случки, па нивното толкување завршува во т.н. математички сингуларитети, во кои престануваат да важат сите физички закони.
Еве неколку примери: според Теоријата на релативитетот вселената започнала од сингуларитет со Биг Бенг, но што било пред него и кој механизам го придвижил Биг Бенгот, останало енигма во науката. И фамозните црни дупки, според истата теорија треба да завршуваат во бесконечно мали точки – сингуларитети, што значи дека тие би требало да можат да бидат набљудувани само со микроскоп, како сите елементарни честички. Но, евидентно дека не е така. Имено, опсервабилната метода нѝ покажува дека во центарот на галаксиите лежат црни дупки, кои не се точкести објекти, туку монструми, кои во себе голтаат сѐ што ќе им се приближи. Како сето тоа да го објасниме, ако сметаме дека вселената не е произволна, туку со неа владеат одредени закони? Единствен логичен заклучок е дека сите досега откриени парцијални теории треба да може да се обединат во една единствена т.н. Конечна теорија, која же опишува сѐ што постои во вселената. Од тука произлегува и називот "Теорија за сѐ".
Лево: Младиот физичар Герет Лизи кој тврди дека ја открил 'Теоријата за сѐ'; Десно: Од геометрија кон теорија: полиедарот SRE8 од кој Герет Лизи ја дедуктирал 'Теоријата за сѐ'
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.