На 14 март се навршуваат 135 години од раѓањето на генијалниот теоретски физичар Алберт Ајншајн. Тој е таткото на Специјалната и на Општата теорија на релативноста – научни дела кои извршија огромно поместување во сфаќањето и, воопшто, во перцепцијата на сè она што нè опкружува, на нашата природа и процесите во неа, како и на универзумот воопшто. И не само тоа, од неговите научни трудови произлезени се фотонапонските ќелии и ласерот, нешто без што не може да се замисли современиот начин на живот. И уште многу, многу повеќе од тоа.
Потекнува од Германија, а со високо образование (Факултет за физика) се здобива во Швајцарија. Во 1933 година престојува на студиски престој на калифорнискиот институт за технологија. Дознава дека нацистите доаѓаат на власт во Германија и одлучува да не се врати во Германија каде што бил универзитетски професор во берлинската Академија на науките. Останува во САД и работи на научни проекти на Институтот за напредни студии во Принстон с# до својата смрт во 1955 година.
Иако е најпознат по своето учество во проектот Менхетн (шифриран назив за целокупните тајни подготовки за производство на првата американската нуклеарна бомба), сепак многу жестоко се противи на искористувањето на нуклеарната енергија за воени цели. За тоа сведочат многуте петиции, јавни повици и официјални писма до властите во кои, во првите редови е потпишан самиот Алберт Ајнштајн, како и фактот дека тој е еден од првите креатори на овие петиции и протестни писма.
Во физиката и, воопшто, во поимањето на светот што нè опкружува има извршено огромни промени. Има објавено повеќе од 300 научни трудови и повеќе од 150 публикации од својот приватен живот. Кој не ја знае неговата прочуена формула: E = mc^2. За неговата генијалност доволно говори фактот што денеска зборот "Ајнштајн" е синоним за генијалност.
ЕМИТЕР во повеќе наврати има пишувано за Алберт Ајнштајн. Во оваа пригода би ги издвоил написите: "Алберт Ајнштајн од еден друг агол" (Е 3/2009), "Ајнштајновата теорија за релативитетот" (Е 5/2003), "Ајнштајн бил во право" (Е 10/2007), "Ајнштајновиот мозок" (Е 4/2009) и др. За повеќе видете на www.emiter.com.mk