Рубрика: Информатика
XP Repair Pro 2007
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Windows XP е веројатно моментално најраспространетиот оперативен систем и без разлика што за неговото место на пиедесталот претендира Windows Vista, сигурно е дека XP-то нема така брзо да биде сменет кај многу корисници. Но, факт е дека Windows-ите не се така стабилни и сигурни како некои други оперативни системи, особено кога на нив се инсталираат, деинсталираат и преинсталираат мноштво програми или разноразни игри. Без разлика што некој програм е деинсталиран, тој остава свои траги во регистрите, кои едноставно само се "полнат" и се зголемуваат. Тоа, меѓу мноштвото други причини, доведува до значајно забавување на работата на компјутерот. Затоа постојат програми кои ни помагаат во ваква ситуација и се обидуваат да ги средат регистрите. Еден од нив е XP Repair Pro 2007.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.