Рубрика: Информатика
UPS уреди
Автор: Дејан Стојчев
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во ЕМИТЕР 2/08 ги претставивме продолжните кабли со пренапонска заштита, а во овој ќе се осврнеме на уредите за непрекинато напојување или UPS. Овие уреди претставуваат помошен извор на напојување кој се вклучува кога ќе снема "струја".

Без UPS уред снемувањето електрична енергија доведува до моментално исклучување на електричните уреди. За компјутерите, посебно, не е препорачливо ова ненадејно исклучување, затоа што, кога му издавате наредба на компјутерот да се исклучи, тој тоа не го прави веднаш. Тој изведува серија команди: ги снима отворените датотеки или ве потсетува да ги снимите, ги брише временските дадотеки кои се користеле и кои веќе не се потребни и го подготвува компјутерот за наредното стартување. Овие команди се извршуваат за време од неколку секунди, но се многу важни за состојбата на PC-то и нивното неизвршување може да доведе до неконзистентни датотеки.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.