Интернет прегледувачот Opera Mini веќе трета година опстојува во уредите на Apple, покрај нивниот прегледувач Safari. Firefox стоеше настрана, но имаше и причина за тоа – своевидното “ембарго” од страна на Apple кон таканаречените “third party” компании, меѓу кои беше и Mozilla.
Досега, некои од вработените во Mozilla говореа за потребата на овозможување на Firefox во iOS, па дури беа и вршени тестирања на Јуниор верзија на овој прегледувач во iPad уредите со извршен jailbreak (елиминирање на рестрикциите). Конечно со почетокот на декември постигната е спогодба. Firefox во иднина ќе биде дел од софтверската армада на Apple, на радост на голем број приврзаници на овој прегледувач. По тој повод Лукас Блак, инженерот во Mozilla изјави: “Ние треба да бидеме таму каде што се нашите корисници, така што ќе го прилагодиме Firefox за iOS”.
Со претставувањето на iOS 8 Apple конечно ќе овозможи инсталација на Mozilla Firefox за која цел е развиен WKWebView сет API инструкции. Инженерот Андерс Карлсон, творецот на овој API сет, го претстави на Worldwide Developer Convention (WWDC) во јуни о.г.. Во таа пригода изјави дека една од главните цели на овој сет е да овозможи пристап кон огромен број опции кои досега беа достапни само за Safari, како на пример, целосен пристап и користење на JavaScript Nitro енџинот.
Не е јасно колку време ќе им треба во Mozilla да ја подготват финалната верзија на Firefox, но барем засега е сигурно дека ги имаат на располагање сите опции и можности за креирање на брз и стабилен ривал на Safari. Со среќа, Firefox!