Рубрика: Информатика
Мајкрософт ден на мобилни уреди
Автор: Сашко Таневски
Објавено на 25.03.2014 - 17:29

Денес во Музејот на Македонската Борба, Microsoft дооел Скопје заедно со своите партнери и дистрибутери ги презентираа новитетите на мобилните уреди кои работат на Windows платформа, кои целосно се интегрираат во работното опкружување на корисниците, нудејќи им ја мобилноста на уредите заедно со безбедноста и интеграцијата на Microsoft платформата.
Беа претставени, дискутирани и демонстрирани новите мобилни уреди со екрани чувствителни на допир кои се достапни на нашиот пазар, кои се тенки и лесни, а истовремено мобилни и сигурни, придружени со избор од модерни апликации креирани за повеќе бизниси: јавен сектор, финансиски сектор, образование, здравствен сектор, итн.
Денешната свесност насочена кон мобилноста изгледа сосема поинаку од пејсажот на компјутерски компании од минатото. Наместо мобилните уреди да се прилагодуваат на традиционалниот начин на работа, организациите сега имаат можност да се ориентираат околу мобилноста со Windows 8.1 креирајќи бизнис сценарија кои што отвoраат нови можности, овозможуваат подобри кориснички искуства, заедно со зголемена колаборација со своите вработени и клиенти. Не толку одамна, мобилноста значеше пишување на меил од дома или преку мобилниот телефон, без големи очекувања за пристап од било каде, било кога до критичните работни апликации и бизнис податоци. Со зголеменото присуство на мобилните уреди на работните места, се отвора простор за поинаква визија за мобилноста на вработените, беше истакнато на презентацијата.
Новите мобилни уреди даваат уште поголема слобода во изборот на мобилната канцеларија, нудат искуства кои овозможуваат поголема ефикасност во работата, брзина во донесувањето на одлуките и поврзаност каква што предходно не било возможно да се замисли.
“Нашата цел е да понудиме искуства и уреди кои вработените ги сакаат и очекуваат и истовремено да овозможиме решенија на ниво на компанија. Имајќи го 37 годишното искуство опслужувајќи ги корсиниците во трите сегменти - потрошувачи, мали и средни бизниси и големи организации и копрорации, Microsoft е единствен вендор во индустријата денес кој има визија и знаење да ги разбере единствените потреби како на потрошувачите така и на големите организации и да го понуди тоа единствено искуство на сите платформи базирани на Windows 8 технологијата (мобилни телефони, таблети, преносни компјутери, десктоп компјутери и нови уреди кои се развиваат). Како силна потврда за одлучноста за имплементација на нашата нова стратегија, во Септември објавивме дека Мајкрософт го купува Devices and Services бизнисот на Нокиа вклучувајќи ги паметните телефони, вревен тим на дизајнери и инжињери, производните капацитети ширум светот, како и тимот за маркетинг, продажба и поддршка” изјави Стефан Плавјански Генерален Директор на Мајкрософт во Македонија.
Мајкрософт испорачува технологии кои ги задоволуваат потребите на потрошувачите и претпријатијата овозможувајќи му го на секого најдоброто искуство на Windows. Станува збор за долгорочен стратешки пристап кој е поткрепен со зголемувањето на бројот на уреди по потрошувач и со појавата на новата дигитална работна генерација што доведе до поголеми очекувања од корисниците на технологии на нивните работни места. Бројот на работници кои се достапни со информации во секое време, и кои користат три или повеќе уреди, кои работат од повеќе локации и користат многу апликации на светско ниво се зголеми од 23 % од глобалната работна сила во 2011 година на 29% во 2012 година. Според истражувањето на Forrester бројот на таблети во употреба на работа и дома се очекува тројно да се зголеми до 2017 година, на 905.000.000 уреди, а дека работата во секое време и од секаде е тренд кој туку што почнал да се развива.
Сеприсутната поврзаност и брзиот чекор на модерниот бизнис ја нагризува границата помеѓу личниот и професионалниот живот на луѓето. Заради тоа, индивидуалниот работен стил игра се поважна улога во начинот на вршење на работите. Денес, корисниците сакаат да уживаат во лесно искуство без разлика дали работат од нивниот корпоративен лаптоп во канцеларија или на сопствените Windows таблети од дома.
Интеграцијата со Office 365 функционалностите и пристапот до ресурсите преку ист интерфејс којшто корисниците го имаат на десктоп/лаптоп оперативните системи на Windows 8.1, интегрирани со оперативните системи на мобилните уреди, овозможува единствено user friendly искуство на користење на работното опкружување.